Окултноста во учењето на Јеховините сведоци – ПИСМО БР. 19 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Гробот на Расел, основачот на Јеховините сведоци

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Однапред Ве молам да не се изненадите од вака формулираниот наслов на ова писмо! Немавме прилика да разговараме за неведената тематика, бидејќи за вас таа секогаш била одбивна и непримерна за Јеховините сведоци. Но, ако ми дозволите, ќе се уверите, од тоа што следи, во оправданоста на насловот. За вас насловот можеби звучи навредливо или наликува на недолична шега, но работа е далеку од шега и е крајно  сериозна. Она што би го истакнал е дека вашето учење дирекно не пропагира окултизам, но некои места се обоени со окултистички идеи, затоа што вашиот основач имал допир со окултизмот. Тој не бил окултист, туку само прифатил некои окултистички идеи кои му се допаднале.

Литературата на Јеховините сведоци го осудува секое занимавање со окултизам, што и е во склад со Светото Писмо. Еден од клучните и највпечатливи примери каде окултизмот бесрамно се покажува како идејна подлога на вашата наука е учењето за Исус Христос, заштитено од незнаењето на самите проповедници (вас) кои се најдиректно жртви на смеса од еретички, контрадикторни, површни и тенденциозни учења. Вашата приемливост, поврзана со теолошкиот лаицизам, е одлична подлога за сеење на сé што од надвор потсетува на христијанство какво што си го замислувате, макар тоа да биде и чист окултизам.

За да ја разбереме причината на појава на окултистички идеи во учењето на Јеховините сведоци, потребно е да се анализира духовната клима која владеела за време на појвата на оваа организација. На појавата на окултизмот претходи декадентноста на религиите, која е резултат на антопоцентричност и богоотсапништво. Во историјата имало три такви периоди.

Првиот, период на хеленизмот, кога дури и меѓу демосот опаѓа воодушевеноста од митологијата. Во процветот на грчката мисла и цивилизација видна улога одиграла токму потргата по нешто повишо од самата митологија. Развојот на филозофијата доведува до појава на различни правци, од кои некои завршуваат како темел на она што денес е познато како окултизам. Посебно се истакнува гностицизмот, кој му задавал големи потешкотии и на Христијанството. Од митолошките формулации, преку орфичката теогонија, преку Питагора, мистериите, Дионис, враќањето на египетските мистерии, херметизмот, до хеленистичката алхемија- грчката мисла го барала вистинитиот Бог, Кој го запознала преку Христијанството. Кулминацијата на хеленистичкиот период е крахот на самата филозофска конструкција, безличниот и ладен разум.

Вториот период е средновековната појава на хуманизмот и хуманистичките тенденции. На будењето и обновата на древните, како и создавањето на нови култови и пагански форми, им следува постепеното отфрлање на Христијанството. Сé погласните просветителски и хуманистички гласови се, пред сé, доказ за дехристијанизацијата (посебно на тогашната Европа), а на местото на религијата се појавува нејзиниот сурогат – окултизмот. Во тоа време во Европа беснеела алхемијата и многу други облици на богоотстапничко делување на самољубивиот човек. Во својота крајна инстанца, тој период го има за последица резултатот на реваншизмот помеѓу обезблагодатениот римокатолицизам и подоцнежниот протенстантизам, кои не успеваат да го задржат одушевувањето на народот на потребната висина. Сé побеспомошна пред ударите на хуманистичката мисла, римокатоличката црква посегнува за порадикални средства, што како последица предизвикало уште подлабок раскол помеѓу христијанскиот и хуманистичкиот поглед на светот. Со тоа христијанството неправедно бива етикетирано како мракобесие, а наводната прогресивна идеја на хуманизмот станала идеална маска за богоборечката и антропоцентричната конструкција на новото сфаќање, кое крваво кулминира со француската револуција.

Третиот период, кој е за нас и најинтересен, се јавува за време на идустријализацијата и техничко-технолошката револуција, чии плодови човекот сесрдно почнува да ги користи како доказ за својата надмоќ над природата, поистоветувајќи се дури и со Бога. Тоа е период на појава на едно ново сфаќање, кое своите претпоставки емпириски ги докажува, обидувајќи се со тоа да се стекне со научен легитимитет. Тогаш се појавуват отворено богоборни филозофско-шпекулативни правци, како што се позитивизмот, марксизмот и други. Во една таква клима, каде човекот, опијанет со своите резултати, оптимистички гледа на иднината, нема место за Христијанството.

Човекот се доживува себеси како апсолутен владетел и, во своето горделиво самољубие, го отфрла Христијанството, кое го прави инфантилен. Бидејќи себеси може да се постави во нихилистичкото “од другата страна на доброто и злото”, со тие категории и се користи, така што Бог веќе не му е неопходен. И во овој период, исто така. на местото на отфрлената религија, доаѓа нејзиниот сурогат – окултизмот. Се јавуваат разни окултистички правци од различни извори: теософија, антропософија, спиритизам и др. Експанзијата на окултизмот во Европа прави многу реномирани научни имиња да учествуваат во експериментални проверки на окултни феномени, додека некои од нив и самите  биле окултисти.

Како и многу пати порано, во потрагата по својот идентитет, и Америка ја следи својата постара сестра, обидувајќи се плагијатот да го престави како оригинал. За чудо, од своето прагматично тло, успева да роди и сопствен оригинален правец на окултизмот – спиритизмот (кој, всушност, почнал како трагање по идентитетот на три жени – родоначалнички на споменатиот правец). Распцепканоста на протенстантизмот, погрешно сфатена како толеранција, довела до појава на американската индивидуа, или поточно, до нација на индивидуи, а не до американска нација. Во една таква средина, каде секој поединец трага за каков било идентитет, не е тешко да се формира сопствен правец и истиот да се направи легитимен, повикувајќи се на толеранцијата.

Америка во тоа време станува мајка и расадник на повеќето протестантски секти. Окултизмот не е нивна доктрина и воглавно еднодушно го отфрлаат. Но, поради отсуството на секакво подлабоко богословие заради водење на прости филозофски шпекулации, протенстантизмот не е во можност да ги заштити и задоволи духовните потреби на своите припадници. Со обзир на тоа дека протенстантизмот дава одговори кои го задоволуваат, пред сé, разумот, можно е во конструкцијата на сопствената  вистина да вгради сé, па дури и окултно, најчесто од незнаење.

Ваквата клима влијаела и на религиското сфаќање на втемелувачот на организацијата, која подоцна станала позната како организација на Јеховините сведоци. Основачот Чарлс Расел, со своето оскудно богословско знаење, внел во своето учење низа недоследности, ревитализирани ереси, па дури и самиот окултизам. Млаката и јалова протестанстка теологија, нејзиниот рационализам и склоноста кон шпекулации, не можат да го оддржат задоволувачкото ниво на духовното. Во многу од своите теолошки формулации, протенстантизмот е површен и недоискажан, затоа Расел е збунет од многуте учења (како што пишуваат Јеховините сведоци во својата книга “Човештовото во потрага за Бога” стр. 350, каде е дадена помалку романсирана биографија на нивниот основач, полна со премолчувања за компромитирачките детали, кои се причина некогаш да се одрекуваат од него. Еден од тие компромитирачки детали е, секако, и продавањето на чудотворна пченица, која не се покажала ништо почудотворна од обичната пченица). Скитајќи по пустото тло на протенстантизмот, Расел најпрво бил презбетеријанец, а потоа конгрегационалист. Како што неговиот религиозен ентузијазм не бива задоволен, тој почнува со самостојно проучување на Библијата (веројатно не знаејќи го 2. Петар 3,16). На таков подвиг поттикнува средината во кое е отсутно секакво соборно, светоотечко, црквено и апостолско предание, во кое единствено е возможно согледување на значењето и големината на Светото Писмо (за преданието: 2. Сол. 2, 15; 3, 6; 1. Кор. 11, 2 и Лк. 1, 2). За протенстантите Библија е книга која се проучува, а за Православните  е Слово кое се живее.

Значи, без богословско образование, без познавање на историјта на Христијанството (бидејќи ако ја познавал историјата, би знаел дека темелите на неговото учење се одамна осудени ереси), како и без познавање на Православието, за чие постоење најверојтано никаш и не чул – Расел ги поставува основните темели на учењето кое ќе биде познато како “Јеховини сведоци”. Расел, очигледно полн со ентузијазам, му пристапува на толкување на Светото Писмо, најблаго речено, површно, преполно со лаички грешки, шпекулативни анализи, полувистини и тенденциозни погледи, притоа сметајќи дека открил противречности во христијанското учење, кое го критикува и брзоплето го отфрла, не знаејќи дека многу од неговите заклучоци Христијанството од првите векови веќе ги отфрлило, така што гради синтеза на квазитеолошко манипулирање, а сопственото незнаење и наразбирање го прикрива  со осудување. Еве како изгледа една од неговите формулации: „Вистината преставена од самиот сатана е еднакво вистина како и вистината која ја поставува Бог. Вистината е без разлика каде сме ја нашле, и без обзир на што се спротивставува“ (Zion’s Watchtower, VII 1879). Ова е очигледно потполното отсуството на онтолошкото разликување на едната и другата вистина. Бог Себеси честопати во Светото Писмо се нарекува Единствен Вистинит, значи апсолутно Вистинит, додека Раселовата сатанска вистина нема онтолошка вредност, а со тоа ниту вистинитост, туку е обична лакрдија. Друго богохулие на оваа изјава е во тоа што овде вистината е преставена како нешто што е над сатаната и Бога, затоа што е универзална. За Расел Бог и сатаната се лице и наличје на едно исто нешто, со што Бог станува потчинет. Може ли Бог да биде потчинет на било што? Господ Исус Христос вели: ,Јас сум вистина, пат и живот “, а на другом место стои: Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да го познаеме вистинскиот Бог, и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос, Он е вистинскиот Бог и живот вечен(1. Јов. 5, 20). Додека за сатаната во Светото Писмо стои: “…тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата(Јн. 8, 44). Јасно е дека изјавата на Расел нема основа во Светото Писмо, туку во нешто што се препознава по валканите отисоци кои ги остава во ваквата изјава – во окултизмот. Од окултизмот се пренесени многу идеи, кои до денеска се задржале во учењето на Јеховините сведоци, кои не ни насетуваат од каде им е потеклото. Ова е еден од примерите, бидејќи за окултизмот е карактеристично изедначувањето на сé со вистината и потполното отсуство на онтолошка разлика помеѓу Вистината на Творецот и вистината на творението (инаку, таквото одсуство е присутно во сите многубожечки религии, пантеистички и панентеистички конструкции, чии култови се најголеми потикнувачи на окултизмот). Значи, за окултизмот доброто и лошото се еднакво вистинити, од ист извор, но спротивно насочување; Бог е студен Разум или превртливец, Абраксас, Бафомет, ладен Демијург, Градител и Рушител (Шива), сé само не Отец.

Релативизацијата на вистината, пројавена во самољубивиот ум кој сака да се ослободи од својата трагичност со гордост, а не со смирение, го родила денешниот свет и денешниот богоборечки човек, кој со окултизмот и магијата вели: “нека биде волјатa моја”. Сатаната е реален, но не и вистинит, како што е само единиот Бог –  причина за Вистината и самата Вистина.

Ова не е единственото плеткање на Расел со окултизмот. Своевремено владеело мислење дека во еврејската Кабала постоеле докази за некои христијански прашања, па затоа Кабалата ја изучувале многу протенстантски и католички теолози. Кабалта, според зборовите на нејзините следбеници, е знаење кое тајно се пренесувало (речиси излитена фраза на сите окултни учења и здруженија), а централно место во нејзиното учење завзема специјалниот однос на првите 10 броеви и 22 букви од еврејската азбука, кои ги означуваат основните сили кои сé создават и условуваат. Учењето за броевите е еманација на првите три сефироти на кабалистичкото дрво на животот. Кабала, посебно во средниот век, влијаела на развојот на окултизмот, и тоа на неговите западни гранки.

Пред мистиката на боревите не останал рамнодушен ни Чарлс Расел, кој трагал во Библијата скриени значења на броевите и ги толкувал, обидувајќи се да ја одгатне годината кога ќе се случи Христовото доаѓање и уништувањето на светот. Резултатот е низа на промашени пророштва, кои станале вистински знак за препознавање на Јеховините сведоци. Меѓутоа, Расел не е обесхрабрен. Тој, како доказ дека тие пророштва се точни, наведува односи и пропорции на мерата на ходниците на великите пирамиди, кои според него се верификација на пресметката дека во 1914 година ќе биде уништен светот. Расел овој свој став мошне ревносно го застапувал и го бранел.

Нумерологијата и мистиката се ценрален дел од Кабалата кои во неа се внесени под влијание на питагорејството. Расел не оделеал на искушението одушевено да ја прифати и примени, поради што бил критикуван од страна на својот наследник Ратерфорд заради библиско гатање. Во Библијата стои: „А за денот и часот не знае никој, ниту англеите, а само Мојот Отец“ (Мт. 24, 36). Иако овие зборови ги рекол самиот Господ, Јеховините сведоци и понатаму прават пресметки. (Интересно е да се забележи дека Јеховините сведоци, како доказ дека Исус Христос не е Бог, го наведуваат и тоа дека Он не го знеал часот на свршетокот на светот, туку само Отецот. Од друга страна велат дека Бог во Светото Писмо во броевите го поставил како некоја загатка проблемот кога ќе се случат последните времиња. Оној кој ќе успее тоа да го реши, ќе дознае кога ќе биде тоа време. Од ова можеме да заклулчиме дека оној кој ќе ја реши оваа загатка ќе знае повеќе од Исус Христос, а Јеховините сведоци тврдат дека тоа се тие.) Зошто е сета оваа силна математика? Во Светото Писмо јасно пишува дека треба да бдееме над себеси, а не над броевите, трудејќи се да го достигнеме идеалот на христијанството. Како и во окултизмот, пресметувањето е потребно заради задоволување на суетното тежнеење на самољубието.

Сепак, Раселовото воодушевување од пирамидите било огромно. Тврдел дека ги изградил и ги поставил Самиот Бог, покрај Светото Писмо, како сведоштво за Себе. Не е потребно посебно да се нагласи дека пирамидата во окултизмот е моќен симбол, објект кој делува како акумулатор на космичката енергија, која може да се искористи за оној кој тоа го знае, за што постојат дури и научни извештаи. Како Расел, така и окултистите применуваат нумеролошки истражувања врз пирамидите. Иако пирамидата е симбол на масонеријата, на тој голем и моќен богоборечки апарат, Расел ја доживувал како христијански, притоа отфрлувајќи го христијанскиот симбол – крстот, симболот на победата над смртта и сатаната, „знакот на Синот Човечки“ (Мт. 24, 30),  симболот на Христовото страдање и воскресение.

Барајќи ја вистината по беспаќата и пустините, исполнет со духовни фатаморгани, Расел умира разочаран од своите пресметки и своите квазибиблиски и квазитеолошки претпоставки. На неговиот гроб, како сведок на една заблуда, стои (масонскиот симбол) пирамида. Христос рекол:  „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи“ (Мт. 16, 24). Расел место крстот, ја зел пирамидата – а по кого се врви носејќи пирамида?

Важно е да се каже дека Расел првобитно потпаднал под влијание на њујоршкиот адвентистички проповедник, Нелсон Барбара, но уверен во сопствената мисија, отфрлува некои од адвентистичките доктрини. Но, трагата на адвентизмот е очигледна во трагањето за годината од последните денови и неговото нестрпливо исчекување. Во книгата Човештвото во потрага по Бога тоа тежнење не е ниту малку прикриено: “Истражувајќи го Божјото слово, тие истражувачи на Библијата биле силно заинтересирани за пророштвата на христијанските грчки писатели, кои се однесуваат на крајот на светот”. (стр. 353.).

Ваквата заинтересираност за идните настани не само што е карактеристична за лаичкиот пристап кон Светото Писмо, туку, пред сé, за окултистичкиот пристап кон последната книга од Библијата, Откровението Јованово, кое го смета за најинтересно [1]. Затоа оваа книга е една од најзлоупотребените од Светото Писмо, која и најголемите богослови со стравопочит ја толкуваат, што не им пречи на јаховистите и окултистите да ја сметаат за мошне едноставна и лесно разбирлива. Еден од окултистите (поточно сатанист, претходник на Алистер Кроули), Елифас Леви, на свој начин го “толкувал” Јовановото Откровение. И Јеховините сведоци, на свој крајно површен и банален начин, даваат свое толкување на истата книга. Овие две толкувања се далеку од православното, а со тоа и од точното.

Уште една врска на окултузмот со Јеховините сведоци е преводот на Светото Писмо, за чија основа Расел го зема преводот кој го сочинил сопругата на Јоханес Грибер, Раселов пријател. Таа била самонаречен окултист и медиум, а спомнатиот превод го добила под раководство на спиритуални гласови.

Гностички синтези

Гностицизмот за првпат во историјата се појавува со пропаста на царството на Александар Велики. Тогаш грчката филозофска мисла паѓа во песимистички период, кој од теогонски и космогониски размислувања, се префрлува на егзистенцијални. Овој гностицизам не бил директно опасен по христијанството, но под неговото влијание се развило т.н. христијански гностицизам, кој довел до судир и отпадништво внатре во Христијанството. Апостол Павле пишува против гностиците во 1 Кор. 15:12-18. Она што нас нé интерсира е учењето на христијанскиот гностицизам за Господ Исус Христос, кое смета дека Господ на своите ученици им пренел некое тајно знаење, кое понатаму се пренесува (гностички облик на иницијација, посветување) само во мал круг на посветени. За таков круг на посветени себеси се сметале и витезите темплари (храмовници), а подоцна и сите окултистички здруженија и организации, сметајќи се за наследници на Христовите ученици, посветени во тајни знаења.

Различни се гностичките мислења за Господа, но најважно за нашата тема е она кое вели дека Исус Христос не е роден како таков. Според нив, Исус станува Христос во одреден момент, во моментот на кршетавњето. Исус бил човек во кого се вселил духовно битие – Христос, го просветлил (иницирал) и го претворил во Спасител. По раснувањето Исус умрел, а Христос се вратил во своето претходно живеалиште. Со ова учење се оспорува Овоплотувањето, кое се сведува на иницијација, како и божеството на Господ Исус Христос.

Ова учење е значајно, затоа што на суптилен начин вообличено, идентично учење наоѓаме и кај Јеховините сведоци. Во книгата “Ти засекогаш може да живееш на рајот на земјата” на стр.60, стои: “Со тоа што Јехова го излил својот дух на Исуса, го помазал или го одредил за крал на идното кралство, и така Исус станал “Месија” или “Христос”, зашто овие два зборови на хебрејски и грчки јазик значат „помазаник”. Значи, навистина станал Исус Христос или Исус, помазаник“. Прашањето во долната маргина, чиј одговор се наоѓа во овој пасус, е вака формулиран со што јасно се изразува гностичкото учење, кое претходно го спомнавме: „Кога Исус навистина станал Христос и зошто во тоа време?“

Значи според гностиците и јеховистите, Исус не е роден како Спасител, туку преку синтеза и своевидна иницијација станува таков, што не Го прави по ништо поразличен од секој друг кој би го пробал истото. Христос го запоседнува Исус без доброволна желба, тој е жртва, присилен на жртвопринесување од стрна на Христос. Исус е жртва, но Христос не е жртва, а тоа би можел да биде секој кој Бог би го избрал. За да му дадат библиска поткрепа и на ова мислење, Јеховините сведоци во својот лакрдијашки превод Нов Свет, тоа го подметнуваат на следниов начин: “Ова е саканиот син мој, кој сум го признал” (Мт 3,17). Во сите останати познати преводи, овој стих гласи вака: “Ова е Мојот возљубен Син, кој е по Мојата волја”. Разликата само наизглед е незначителна. Според преводот “Нов свет”, Бог го признал Исуса како Спасител, што значи дека овој како таков му се понудил или пак Сам Бог го одбрал од мноштво други. Со ова, исто така, се оспорува божеството на Исус Христос, а потоа и Неговото раѓање како Спасител. Тоа го објаснува и цитатот од “Стражарска кула” од 15-ти јуни 1998 год. на стр. 25, а во поднасловот “Месијатa се појавува”: ”Додека Исус се молел, се отвориле небесата и светиот дух слегол на него. Замислете ја поплавата од спомени кои навирале додека се присеќавал на безбројните милениуми во кои  служел со својот Отец како мајстор, говорник, кнез на Божјата војска и како архангел Михаил. Потоа бил длабоко возбуден кога го чул гласот на Отецот кој му вели на Јован Крстител: ова е саканиот мој син… ” Прво што може да забележиме е дека Исус бил под своевидна амнезија. Тој на својот претходен, ангелски живот се сеќава во моментот на кршетавњето, а до тогаш како да не знаел кој е. Неговото сеќавање припаѓа на архангелот Михаил, а не на Исус, кој потоа е осуден, се мачи и страда како човек. Неговото тело, според учењето на јеховистите, е “откупнина” и по смртта е “дезинтегрирано”. Христос, кој всушност е “духовна личност”, како таков и воскреснува и се враќа во првобитното живеалиште. Сиот товар на жртвата го понел Исус, а не Христос, и тоа е ереста на гностицизмот која повторно ожевеала во учењето на Јеховините сведоци.

Друго што би можеле да забележиме од наведениот пасус, е дека Јеховините сведоци безобзирно ги погазуваат сопствените ставови, бидејќи секој нивни член, без исклучок, ќе го брани уверувањето дека тие строго и исклучиво се придржуваат кон Светото Писмо, а во овој пасус бараат од нас да замислиме што гледал и чувствувал Исус за време на крштевањето, а за што нема ниту еден збор во Светото Писмо. Токму тоа наведување воведува промена во спасителната мисија на Господ Исус Христос.

На почетокот од поднасловот од наведената Стражарска Кула стои: ”На само 12 години младиот Исус почнал да сфаќа дека мора да се ангажира во извршување на задачата од својот небесен отец”. Исус претчувствува дека нешто мора да се случи, но не знае што. Дури по кршетвањето нему му станало јасно зошто е тој тука. Но, и на ова се противи самото Свето Писмо. Во Матеј 3, 14-17 го наоѓаме разговорот на Јован Крстител и Господ Исус Христос пред неговото крштевање. “А Јован го одвраќаше, велејќи: Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш? Но, Исус му одговори и рече: Остави го сега тоа, зашто нам ни престои да ја исполниме секоја правда. Тогаш Јован Го остави.”. Од наведеното гледаме дека Јован знае кој е Исус и пред кршетавњето, што би го дознал после кршетавњето ако не му било познато. Понатаму, во Исусовиот одговор гледаме дека и Он многу добро знаел кој е, бидејќи ако не би знаел кој е, не би знаел ни што треба да исполни, што би го дознал дури по крштевањето, после “поплавата од сеќавања” т.е иницијацијата. Нема сомнеж дека целото Свето Писмо говори за Исус како за Христос, без оглед на периодот од Неговиот живот. Ако Исус станал Христос во одреден момент, тогаш тоа би било само теофанија (богојавување) на Логосот и до тогаш Исус би бил само обичен човек. А тоа го оспоруваат следните настани опишани во Библијата: чудесното зачнување, хоровите на англеите кои го објавиле Неговото раѓање, чудесната ѕвезда, поклонувањето на мудреците од исток, благовештението (Арханглеот Гаврил го објавува раѓањето), Елисавета, мајката на Јован Крстител, која вели: И од каде со мене ова, при мене да додје мајката на мојот Господ?” (Лк. 1,43). Елисавета Исус Христос уште како нероден го нарекува Господ, додек според Јеховините сведоци тоа требало да го стори дури после Неговото крштевање. Сето ова сведочи дека Спасителот се родил како таков, а не дека станал тоа отпосле.

Од друга страна, овоплотувањето е кеноза, бидејќи Синот преку раѓањето ја превзема целокупната човечка природа на Себе, која ја носи и со која страда. Он се родил како Спасител токму за со раѓањето да ја понесе и спаси  целокупната човечка природа. Ако станал Спасител, не би се разликувал од многуте други “пророци” и “спасители” кои тоа станале со просветлувањето,  како Буда, Заратруста, Мухамед и др.

Овоплотувањето на Господ е доброволен чин на љубовта на Синот Божји, а не запоседнување на телото на човекот Исус од страна на Христос, кој според Јеховините сведоци е архангел Михаил. Во наведениот текст од Стражарска кула, исто така, стои: ”Јехова ја пренел животнала сила на својот љубен син, од небесата во Мариината матка”. Овде не се објаснува што е тоа животна сила. Ако се работи само за животот, тогаш Синот Божји (архангел Михаил), како личност морал да умре или да потоне во несвесно, додек таа сила не му се врати (т.е додека не излезе од човекот Исус). Но, ако под животна сила се подразбира целокупната природа, тогаш навистина се работи за Овоплотување и раѓање на Исус како Христос, Спасител. Ова второво Јеховините сведоци го оспоруваат со тврдењето дека Исус станал Христос дури после крштевањето. Затоа ве прашувам, ако животната сила, да претпоставиме, е целокупната природа (што ја вклучува и личноста) зошто архангел Михаил (кој според вас е Исус Христос) имал амнезија од 30 години, бидејќи од ова произлегува дека личноста на архангел Михаил не ни постоела 30 години т.е од моментот кога неговата ”животна сила е пренесена во Мариината матка”, па до моментот на “поплава од спомени”, со кои Исус стнал свесен дека е архангел Михаил? И што со настанот опишан во Лука 2,49 каде дванаесетгодишниот Исус им одговара на загрижените родители: Што сте ме барале? Зар не знаете дека треба да бидам во она коешто е на Мојот Отец? (т.е во домот на Отецот Мој)”. Ако не знаел кој е, не би ни знаел ни кој му е Отец, туку најверојатно за свој вистински татко би го сметал праведниот Јосиф.

Тврдјќи час едно час друго, Јеховините сведоци покажуваат дека не им се јасни многу работи, и не само што тие не знаат кој е Исус Христос, туку тврдат дека дури ни Самиот Он не знае.

Освен кај јеховистите и гностиците, идентично учење наоѓаме и кај антропософијата (окултистички правец од источна основа, основан кога Рудолф Штајнер со многу следбеници се одвоиле од Елена Блавацка и теософијата). Родоначалникот на антропософијата, Штајнер, во своите предавања често говори за Исус Христос како за Исус во кого, со иницијација („поплава од сеќавања“ според сведоците) влегло возвишеното духовно битие, Христос. По Исусовата смрт, душата на целата планета земја заблескала, бидејќи Христос ја просветлил, а потоа се вратил во Сонцето, кој е негов духовен аспект (според антопософијата души имаат сите битија, и живи и неживи, но тие се на различни духовни нивоа).

Како што гностиците имаат своја сопствена верзија на евангелијата, така и Штајнер, патувајќи по „астралните светови”, оди во минатото и лично го следи Исусовиот живот. Од тоа патување се појавува Штајнеровото “петто евангелие”. Јеховините сведоци не пишуваат посебно евангелие, но даваат свој превод на целокупната Библија.

 

 Архангел Михаил – Исус или егрегор?

Едно од најинтересните учења на Јеховините сведоци е учењето дека Исус Христос е всушност архангел Михаил, за што сме зборувале повеќе пати. Постои еден облик на окултизам (западна гранка: масони, спиритисти, розенкројцери, ОТО и др.) кои тврдат дека заедничките мисли, идеи и волја на членовите на некоја организација или групација во материјалниот свет, доведуваат до формирање на битија во духовниот свет, наречен астрал. Тие астрални битија уште се нарекуваат и егрегори. Взаемниот однос на егрегорите и нивната организациа на земајта, е таков што организацијата со своите идеи и убедувања му дава сила на егрегорот, а тој, кога ќе собере доволно сила, допринесува во посилен замав и постигнувања на организацијата на земјата. Доколку дојде до борба на некои организации на земјата, доаѓа и до борба на егрегорите на тие организации, на астрален план.

Според Кабалата (еврејска верзија на окултизмот) која е основа на западниот окултизам, постојат и два највиши егрегори, кои се во непрекината меѓусебна борба. Тоа е егрегорот на злите луѓе на сатаната и егрегорот на добрите – архангел Михаил! Интересна е оваа аналогија на Јеховистите и на окултистите каде архангел Михаил е претставен како највишо добро творение. Покрај многуте посредни и непосредни докази во Светото Писмо дека Исус Христос е Бог, на Јеховините сведоци им е полесно со некои нејасно поврзани цитати да докажуваат дека тоа всушност е архангел Михаил, покажувајќи, притоа, рефлексија на окултните идеи во нивното учење. Тоа го заклучуваме што и покрај недокажливоста на основа на Севтото Писмо дека архангел Михаил и Господ се една иста личност, тие инсистираат токму на тоа.

ЗАБЕЛЕШКИ:

[1] Така многумина од “истражувачите” сметаат дека во древните времиња нé посетувале суштества од вселенета, кои пак луѓето во своите примитивни услови ги претвориле во богови. Според некои, докази за оваа хипотеза можеме да најдеме и во Библијата. На пример: видението на славата Божја кое го имал пророк Исаија не е ништо друго, туку вселенски брод (дури некои „истражувачи“ правеле и макета на тој брод според описот во Библијата); излезот на Евреите од Египет, исто така, е водено од вселенски брод, кој поседувал млазен мотор, имено дење се гледал димот (издувните гасови и прашината, додека пламенот не се гледа кај млазниот мотор во текот на денот), а ноќе огнот (кај млазниот мотор ноќе јасно се гледа пламенот во вид на млаз, додека, природно, димот и прашината не се гледаат). Потоа, ковчегот на Заветот не е ништо друго, туку радиостаница (ковчегот со плочите не е ништо друго, туку батериска ќелија, додека херувимите се на капакот на антените), а гласот кој Евреите го слушнале е глас на вонземјаните кои им давале упатства на Евреите, додека тие тоа го сметале за божји глас.

Извор: Светосавље

Преведе: Ж.С.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Исус Христос, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Окултизам, Окултизам, Протестантизам. Bookmark the permalink.