Цар над царевите и Господар над господарите – Писмо бр. 5 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Драг мој пријателе,

Ќе се задржиме уште малку на оваа тема, бидејќи божеството на Господ Исус Христос е основениот проблем во вашата теологија, од кој  произлегуваат сите останати (проблеми). Значи, било да речеме дека Господ е пророк, учител, виша духовна суштина или архангел Михаил, ние всушност не зборуваме за тоа што е Господ, туку за тоа што не е. Велиме дека не е Бог. Гледаме дека својот доказ за тврдењето дека Господ Исус Христос не е Бог, Јеховините сведоци се обидуваат да го поткрепат со Светото Писмо. Меѓутоа, тоа е еднострано гледање на Светото Писмо, бидејќи во него на многу места стои дека Господ Исус Христос е Бог[1]. Во Светото Писмо за тоа постојат посредни и непосредни докази. Јеховините сведоци овие места ги игнорираат, или тенденциозно ги толкуваат, или, пак, ги подложуваат на директно прекројување во своја верзија на преводот на Светото Писмо, попознат како Нов Свет.

Поради опширноста на темата што ќе ја рагледуваме, ќе се обидам тоа да го сторам што е можно  поконцизно. Она што треба секогаш да се има на ум кога се зборува за Бога, е апсолутноста која подразбира сé што ќе кажеме за Бога тоа да го сториме во апсолутни категории. Така, ако за Бог кажеме дека е добар, тоа мора да го кажеме со свесност за апсолутното добро, кое е над сé што човекот може и да замисли (дури и поимот апсолутно за Бога е ограничувачки, но само со него можеме да го разбереме и да го преставиме Божественото Битие во  нашиот ограничен ум). Апсолутноста подразбира дека во Бога нема никаква промена, бидејќи промената воведува релативност. Сé што е речено и напишано во Светото Писмо за Бога, е последица на односот на Бог и светот, на Творецот и творевината. Тоа е збор за Бога со човечки јазик.

На многу места во Откровението Јованово, писателот Господа го нарекува Јагне[2], бидејќи страозаветното пасхално јагне е праслика на Господа кој е совршена жртва еднаш принесена за спасение на светот.

Да разгледаме еден стих каде за Христос се говори како за Јагне: „Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“ (Откр. 17:14). На друго место писателот за Логосот вели дека е облечен во облека од крв и „на облеката и на бедрото Негово беше напишано името: Цар над Царевите и Господар над господарите“  (Откр. 19:16). Значи, недвосмислено станува збор за Господ Исус Христос. Меѓутоа, да видиме кого апостол Павле го нарекува „Цар над царевите и Господар над господарите“: да ја запазиш зповедтта чиста и беспрекорна  дуро до доаѓањето на нашиот господ Исус Христос кое што, кога ќе му додје времето, ќе го открие  Блажениот и единствениот Владетел, Цар над царевите и господар над Господарите. Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина[3], Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види[4]. Нему нека му е чест и слава и сила во сите векови. Амин! (1 Тимотеј 6, 14-16). Гледаме дека апостолот Цар над Царевите и Господар над господарите го нарекува Оној кој е единствен бесмртен, Кој живее во непристапна светлина, Кој „никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види“ (1 Тим. 6:16). За кого станува збор во 1 Тим. 6:16? Станува збор за Бога. Но, така апостол Јован Го нарекува и Господ Исус Христос. Заклучокот е очигледен


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. На пр. 1 Тим 3, 14-16; Кол. 2, 8-9; Рим. 9, 5 итн.
  2. Отк. 7, 17; 21, 3-7; 22, 3-5 итн.
  3. Езек. 1,27
  4. 2 Мојс. 33: 20

Извор: Светосавље

Превод: Ж.С.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

 

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Ислам, Исус Христос, Исус Христос, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам. Bookmark the permalink.