Разјаснување

stop-151342_640Веќе од поодамна, Редакцијата на Вистината ќе ве ослободи ја имаше во предвид потребата да ги извести сите читатели на блогот, а сега се укажа и вистинска пригода, поттикнати од некои недоразбирања што се јавија на виртуелнот простор, да објавиме и разјасниме дека овој блог и Редакцијата којашто го уредува, нема никаква врска и соработка со Фејсбук страните насловени како „Слово против сектите“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“ и „Вистината ќе ве ослободи“ (апдејт 2020 год: којашто е исклучена од пред некое време). Уште откога беше отворена Фејсбук страната „Вистината Ќе Ве Ослободи“, претпоставуваме дека постои ризик од злоупотреба на нашиот идентитет како Редакција, со цел да се пласираат секакви информации за Правоверието во негативна конотација. Меѓутоа, од наша страна немаше реакција, поради тоа што сметавме дека за секоја претпоставка е потребен доказ за таа да се смета за факт, а се’ додека го нема тој доказ, бесмислено би било секое внимание кон тие претпоставки.

Бидејќи сега постои тој факт, јавно објавуваме и се оградуваме од изјавите и постовите на Фејсбук страните, насловени како „Слово против сектите“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“ и „Вистината Ќе Ве Ослободи“.

Целта на нашиот блог е просветление во Вистината, разликување на Едната, Света, Соборна, Апостолка Црква од сите застранети христијански т.н. „цркви“ и останати религии, и апологетско просветление.

Нашиот блог строго се придржува кон правилата на пласирање на објективни информации, без маскирање со цел да се нападне некоја од Православните Цркви и апсолутно без никакви навреди. Секој добронамерен православен христијанин е добредојден да помогне со своја мисла, коментар или труд, а исто така и секој друговерец, кој има искрени желби да дознае нешто повеќе за Правоверието, може да не’ исконтактира на добро познатата имејл адреса:

vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Со почит,

Редакција на Вистината ќе ве ослободи

Извршен апдејт: 2020 год.

Posted in Uncategorized

Повик за соработка

ImageРедакцијата на Вистината ќе ве ослободи ги повикува сите Православни (Правоверни, Ортодоксни) Христијани, кои ја љубат и се трудат да ја чуваат својата света и апостолска вера, за соработка за просветление на иноверните (друговерци и припадници на секти). Ќе ве молиме, секој колку што може, да придонесе со апологетски текст, во кој се разработуваат теми, кои се спротивни на вистинското Христово учење.

Текстовите може да ги испраќате на следнава електронска адрeса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Posted in Uncategorized

Кои сме?


Ако си Лутеранец, основачот ти е Мартин Лутер, бивш римокатолички монах, во 1517 година.

Ако си Англиканец, основачот ти е кралот Хенри VIII, во 1534 година, затоа што римокатоличкиот папа не му дозволил да се разведе и да се жени одново.

Continue reading

Posted in ИСТОРИЈА, Протестантизам, Римокатолицизам

За оние кои „протестираат“ – Протоереј Алексеј Ткачев

Современиот протестант „од нашите“, понекогаш и не е толку далечен од Православието. Во првите две-три години, тој е многу отдалечен. Сè во Православието за него е – или фолкор, или незнабоштво. Но, животот си го прави своето…

Родната општина, која го научила да верува, веќе не изгледа така совршено, како во почетокот. Стануваат забележливи недостатоците на браќата и сестрите; личните гревови, и покрај увереноста во спасението, излегуваат од вратата, а влегуваат низ прозорецот. Наместо „чистата евангелска вера“ и едноставноста, сè почесто себеси се изјаснуваат во доктриналните разлики. Човекот се смирува, односно се збогува од претходната ревност. Станува јасно она, што постојано повторува Црквата. А имено – дека спасението бара труд, дека животот поминува помеѓу стравот и надежта, дека „Царството Небесно на сила се добива“ (Мт. 11, 12). Во потсвеста постојано расте гласот на генетската меморија (спомен).

Continue reading
Posted in Протестантизам, СОВРЕМЕНИ ТЕОЛОЗИ

За почитувањето на иконите – протоѓакон Андреј Кураев

Дали почитувањето на иконите е идолопоклонство, дали истото е споменато во Библијата? Кој ги прави чудата преку иконите и што значи почитувањето на Божјиот образ во Човекот? – за ова и за мнгоу други прашања, кои возникнуваат и особено ги провоцираат луѓето незапознаени со Православната вера, ви ја предложуваме статијата на о. Андреј Кураев:

ИКОНИТЕ ВО БИБЛИЈАТА

Секој критичар на Православието треба да има во предвид една многу очигледна околност: ние постоиме веќе две илјади години. Две илјади години, христијаните ја читаат својата Книга; две илјади години најдобрите човечки умови размислувале над неа. Затоа, не е паметно, случајно наидувајќи на некое навидум нејасно место во Библијата, торжествено да се прославува за пронајдена „противречност“ или бесмисленост. Христијанските богослови веројатно уште во древноста обрнале внимание на тоа место и го толкувале, соодветно на целосниот општобиблиски контекст. На пример, наивно е да се размислува, дека никој од православните, во овие дваесет векови, никогаш не се замислил над она, што минатата недела го дознаа момчињата од „Црквата на Христос“: дека во Библијата, постои заповед „не прави идол“, која страшно се нарушува од православните иконописци.

И ние знаеме за таа заповед. Православното богословие на иконата започнува со забраната за изобразување – но само започнува, а не завршува со неа…[1] Покрај втората заповед, ние знаеме и некои други библиски заповеди и сведоштва, кои не ги забележуваат протестантите.

Прашањето за допустливоста или недопустливоста на иконопочитувањето – е сложено прашање. Не затоа што е „тешко“, туку затоа што е многу опширно. Тоа опфаќа осум сосема конкретни и одделни прашања:

  1. Дали се допустливи изобразувањата (сликите) воопшто?
  2. Дали е допустливо изобразувањето на свештената духовна реалност?
  3. Дали е допустливо изобразувањето на Бога?
  4. Дали е допустливо да се користат изображенија (слики) за мисионерски цели?
  5. Дали е допустливо да се користат изображенија за време на молитвата?
  6. Дали е допустливо да се искажуваат знаци на почит пред сликите?
  7. Може ли да се размислува, дека поклонувањето пред образот, ќе се прими од Бога?
  8. Можат ли образите (иконите) да бидат свештени и чудотворни?
Continue reading
Posted in Икони, ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ, Протестантизам, Протестантизам, Протестантизам, СОВРЕМЕНИ ТЕОЛОЗИ

Кои се светителите? – Атанас Ваташки

Не се одвоени од нас преподобните отци, затоа што нивната љубов е секогаш со нас. Нека не ги одвојуваме од себе си, како туѓи на нас, бидејќи тие секогаш се молат за нашите паѓања во грев.

Свети Ефрем Сирин

Молитвата кон светителите – израз на врска и љубов

Молитвата, како што знаеме, е разговор и општење со Самиот Бог. Кога велиме дека ние се молиме на светителите, ние немаме предвид дека им се молиме на начинот на кој се молиме на Бог, ниту дека им придаваме славата, која се оддава само Нему. Православното богословие прави јасна и категорична разлика помеѓу служењето на Бога (latreia) и почитта (proskynesis) кон светиите кои се почитуваат не како богови, туку како Божји пријатели. Молитвата  кон нив е молитва за застапување. Застапувањето во случајот горе-долу значи молитва од типот: свети Николај (пример), моли Го Бога за мене или по молитвите на сите светии, Господи помилуј нè. Овој вид молитва не е молитва кон еден независен субјект кој го презема местото и улогата на Бог во нашата душа и срце, и кој треба да ја исполни нашата молба по еден независен начин од Бога. Ниту пак претпоставува дека Бог е немоќен да ги исполни нашата молитви без нивно застапување. Молитвата кон светиите е молитва, која извира од длабочините на нашето срце, која во сојуз со Бога ги обзема границите на земната и небесната Црква, за да покаже дека за Божјите луѓе нема растојанија. Зашто поделбата на небесна и земна Црква е условна. Ние сите, живи и починати, сме едно во Христос. Небесната Црква (или кажано на друг начин – светиите) се само оние кои во земниот живот, победувајќи ги неговите искушенија, со помош на благодатта на Светиот Дух, конечно се спасиле и ќе царуваат со Христа. Молитвата кон нив е израз на нашата љубов, благодарност и надеж дека и ние ќе стигнеме во состојбата на осветување, во која се тие; израз на тоа дека во Црквата нема заборав и односот на љубовта и единството меѓу нејзините членови е посилен и од смртта.

Continue reading
Posted in Авторитет, Молитви кон светиите, Светии

Протестантски пастор премина во Православие

На 17 Април, 2016 г., Никита Јеремејев, поранешен пастор на Протестантска заедница во Калининград, премина во Православие, соопштува официјалната веб-страна на Калининградската епархија.

„Моето враќање во Православието од Протестантизмот – вели Никита – не е дезертерство од армијата на непријателот, туку резултат на некоја еволуција во светогледот. Во Протестантизмот јас се запознав со Христос преку евангелската историја. А во Православието Го запознав Христос, Кој живее сега, во Таинствата на Телото на Црквата. Јас би го споредил моето преминување во протестантската општина со бегството од мисловниот Египет (од гревовниот свет) во Синајската пустина. А моето преминување во Православие – преминувањето преку Јордан, почетокот на освојувањето на Ветената Земја. Токму така го опишуваат животот на христијанинот древните отци на Црквата: тоа е борба и смрт во војната за земјата на кротоста, за животот со Христос во Царството Небесно“.

Continue reading
Posted in ЛИЧНИ СВЕДОШТВА, Протестантизам

Што е Преданието во Црквата? – Протоѓакон Андреј Кураев

Дали Светото Писмо може да се толкува надвор од Светото Предание, што всушност претставува Преданието и кое е неговото значење во правилното разбирање на Светото Писмо, дали протестантите го почитуваат Светото Предание? За тоа ни зборува познатиот професор, д-р по богословие и философија, о. Андреј Кураев:

(Македонскиот превод може да се вклучи на CC. Во прилог, следува Транскрипт од видеото)

Ќе се осврнеме на уште една тема, по повод нашата полемика со протестантите – за тоа, дека преданието е неопходно. Ќе се обидам да објаснам, во што се состои неговата неопходност. Прво нешто за кое што треба да се заинтересираме: Кажете ми, кој е создател на Библијата? Ќе се обидам да одговорам на ова прашање, не високо богословски, ние за разлика од муслиманите, ја немаме идејата за предвечен Куран, предвечно Евангелие, вечна Библија на Небесата. Ниту еден од авторите на Библијата, не знаел дека пишува Библија. На пример, апостол Павле му пишувал послание на Тимотеј. Што, тој знаел дека пишува дел од Светото Писмо? Дека, покрај Мојсеевото Петтокнижие ќе стои и неговото писмо? Тој не го знаел тоа. Кој одлучил тие да бидат заедно?

Continue reading
Posted in Протестантизам, СОВРЕМЕНИ ТЕОЛОЗИ, Свето Предание

Првите лутерани и Православната Црква – о. Џон В. Фентон

Забелешка на уредникот: Оваа статија е дел од серијата статии објавени за Реформацијата и протестантизмот во октомври 2017 година, напишани од авторите на О & Х (Orthodoxy and Heterodoxy – Православие и Инославие) и гости писатели по повод одбележувањето на 500-тата годишнина од изложувањето на 95-те тези на Мартин Лутер до вратата на црквата во Витенберг, на 31 октомври 1517 година. Текстовите се напишани од православните христијани, и ја разгледуваат не само Реформацијата како историски настан, туку и духовното наследство кое произлегло од неа.

Во најраните денови на Реформацијата, Мартин Лутер и другите протестантски реформатори се обратиле до Православната црква да ги поддржи обвиненијата против Римската црква. Овие молби биле индиректни, со намера да ги поткрепат своите аргументи, дека римските новотарии отстапувале од верата на Апостолите. Всушност, лутераните не се сметале себеси како да отстапуваат од Римската црква или како да формираат нова “деноминација”, туку како вистински наследници на западното наследство и оттаму, продолжување на Западната Црква.

Continue reading
Posted in ИСТОРИЈА, Лутерани, Протестантизам, Протестантизам, СОВРЕМЕНИ ТЕОЛОЗИ

Христијанството vs Исламот – Извадок од книгата Флавијан

220px-Евгений_Родионов– А јас, ви велам – зборуваше фото-типот со убедување од американскиот претседател, кој зборувал на трибините пред изборите – дека христијанството го доживеало својот конечен пораз до крајот на вториот милениум од своето постоење! Готово е! Христос умре за Својот свет!

– Вашиот свет умре за Христос! – му реков, не можејќи да се воздржам.

Не обрнувајќи ми никакво внимание, продолжи:

– Доаѓа победникот – исламот, исполнет со млада, свежа сила! Тоа е иднината!

– Зошто така мислиш? – смирено го праша Флавијан, гризнувајќи од тостот „only cheese“ што му го порачав.

– Како зошто? – се разлути неговиот собеседник. – Сигурно сами не гледате? Во некогаш христијанската Европа, денес скоро нема активни христијани! Навистина активни, а не оние кои влегуваат во црква за празник, да видат во што се другите облечени, или да се венчаат во храмот поради убавината на обредот!

– Што значи тоа активни? – пак не се воздржав. Continue reading

Posted in Ислам, Општи карактеристики, Погубени христијани - светители, Радикалност, Uncategorized

Американецот Даглас што стана православен Димитриј

Даглас Литл и јеромонах Јаков Симонопетриец

Даглас Литл и јеромонах Јаков Симонопетриец

Света Гора за познатиот американски фотограф Даглас Литл (Douglas Alfred Demetrios Lyttle) не беше само место на вдахновение за неговото уметничко творештво. Беше ковчег на Православието каде што се вдлабочуваше во своите духовни потраги во текот на 45 години. Неговото обраќање во Православието, крштевањето со името Димитриј, педесетте илјади фотографии кои ги подари на Светогорската фототека на Манастирот Симонопетра и неговото монументално дело „Miracle on the Monastery Mountain“ (2002), сведочат за неговата длабока и долгогодишна врска со атонското жителство. Continue reading

Posted in МОЈОТ ПАТ ДО ПРАВОСЛАВИЕТО, Uncategorized

Да, Секогашдева Марија е Богородица, а не божица

maxresdefault

Митрополит Струмички Наум

Додека постои царското и есхатолошко свештенство, односно луѓе кои ќе живеат во покајание, ќе постои и светот. Тоа воопшто не мора да бидат свештеници или епископи, иако подобро е токму тие да се. Колку ли ова повеќе важи за Богородица, првата носителка на тоа царско и есхатолошко свештенство, преку Која секој Божји дар го добиваме. Секоја благодат преку Неа ја добиваме, односно ништо што од Бог добиваме, не може а да не е преку Неа. 

Continue reading

Posted in Богородица, Личноста на Богородица, Почитување, Протестантизам, Протестантизам, Римокатолицизам, Римокатолицизам, СОВРЕМЕНИ ТЕОЛОЗИ, Uncategorized

ВАНЃА И ДРЖАВНАТА СИГУРНОСТ

Признавање и заштита од атеистичката власт

babavangaПри толку многу луѓе кои секојдневно ја посетувале Ванѓа, било само прашање на време кога Комитетот за Државна сигурност сериозно ќе се заинтересира за „феноменот” Ванѓа.

Овие контакти не биле еднозначни. На почетокот од Државна сигурност се однесуваат со сомнеж и недоверба кон Ванѓините дарби, но потоа, разбирајќи за многубројните можности кои би им се откриле од меѓусебната „соработка”, ја земаат под своја закрила. Continue reading

Posted in Баба Ванѓа, ЛАЖНИ ПРОРЦИ И УЧИТЕЛИ, Uncategorized