За крвта – ПИСМО БР. 20 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Велиш дека сите оние кои примаат крв по пат на трансфузија, го прекршуваат Божјиот закон и се валкаат себеси исто како кога би блудничиле и би принесувале жртви на идолите. Да, навистина Бог му забранува на човекот да јаде крв. Но, дали трансфузијата е исто што и хранење со крв? Вие сметате дека е[1].

Како споредба наведувате дека оној кој не би смеел да пие алкохол, но би го примил интравенозно, со тоа ништо не би променил, бидејќи сеедно е како алкохолот стигнува во неговиот организам. И го поставувате прашањето дали оној кој никогаш не внесува крв низ уста, а тоа го прави по пат на трансфузија, ја исполнува Божјата заповед? Значи: за да го решиме теолошкиот проблем дали ја исполнуваме Божјата заповед за нејадење на крв ако примаме трансфузија, доволно е да се реши дилемата дали трансфузијата е исто што и јадење крв.

Внесувајќи ја храната интравенозно, таа, по пат на крвта, се дистрибуира во сите делови на организмот, каде што се искористува. Дали истото се случува и со крвта? Не! Од проста причина што крвта, примена по пат на трансфузија, ја превзема и продолжува да ја врши истата онаа функција што ја имала и во организмот на давателот, т.е. функција на единствено течно ткиво во организмот, задолжено за пренос на хранливи материи, кислород и отпадни материи меѓу поединечни органи и ткива. Таа, значи, не се користи како храна, како што вие се обидувате да докажете. Ова можете да го утврдите со прост експеримент: земете литар физиолошки раствор или гликоза и внесете го во организмот интравенозно (што може да потрае и до дванаесет часа). Што ќе се случи? Ништо! Земете литар крв и внесете ја на ист начин. Ако крвта не е иста група како вашата, може да се случи, покрај големите компликации, експериментот да заврши со смрт. Може да речеш дека така можеш да примиш и литар говедска супа, па да умреш! Точно е, но ако примиш крв која е идентична со твојата група, тоа нема да се случи, затоа што крвта е ткиво, и таа, по трансфузијата, не се апсорбира, туку продолжува да ја врши сопствената функција. Слично нешто се случува кога организмот го отфрла пресадениот орган. Според вашата логика и пресадениот орган би бил исто што и изеден.

Значи, трансфузијата на крв не е исто што и јадење на крв, бидејќи со јадење крвта се вари и искористува во организмот како храна, додека со трансфузијата крвта продолжува да ја врши својата улога на течно ткиво, како и пресадениот орган. Можеби ќе дадеш забелешка дека и примената храна со тек на време се апсорбира, заради векот на траење на крвните зрнца, па во тој случај повторно дошло до конзумирање на крв. Меѓутоа, ако вака ги поставиме нештата, тогаш вие воопшто не би смееле да јадете месо. Дали е можно од месото да се исцеди и последниот молекул крв? Не! Според тоа, и вие јадете крв!

Во продолжеток на наведениот текст, давате објаснување дека преку крвта можат да бидат пренесени разни болести и дека третманот со вештачки препарати за замена на крв е далеку посигурен. Точно е дека преку крвта можат да бидат пренесени болести, но тоа не е теолошки аргумент, туку прашање на ажурност на медицинските лица. Овој аргумент би бил соодветен колку и барањето никогаш да не ја преминуваме улицата, бидејќи би можело нешто да нé прегази. Дали би барале луѓето никогаш да не користат лифт, затоа што би можел да се откачи, што би резултирало со несреќа? Таков е и случајот со можноста за пренос на болести по пат на крв.

Да направиме една логична пресвртница: кога би биле доследни самите на себе, вие би требало први да давате крв, бидејќи велите дека човечката душа е во крвта (иако во Светото Писмо стои дека крвта е душа за телото т.е. дека крвта го оживотворува). Ако се сеќаваш, драг пријателе, Господ Исус Христос рекол дека нема поголема љубов од онаа ако некој ја положи својата душа за своите пријатели. Зарем не би било најприкладно за вас, ако душата е крвта, оваа добродетел да ја стекнете токму со давање на својата душа т.е. крв?

Велите дека Бог не сака да живееме на туѓа сметка, но не сте се запрашале дали Бог сака да дозволиме нашиот ближен да искрвари до смрт? „Грижете се за своите, особено за домашните“, т.е. оние што ни се в куќи, семејството, децата, не значи само грижа за јадење и облека, туку и за животот! Дали Бог сака на своите деца да не им дадете крв ако им е потребна?

Вашата гледна точка е, значи, основана на погрешна интерпретација на медицинските факти, а не на толкување на Светото Писмо. Со буквализирање и радикализирање на една заповед, вие ја укинувате далеку поголемата заповед за љубовта кон ближниот, за полагање на својата душа за ближниот, што е чисто фарисејство! Крвта не треба да се користи во исхраната. Канонот на шестиот Вселенски собор[2], како мерка против оние кои ќе ја прекршат оваа заповед, наведува исклучување од Црквата. Значи, не е точно дека Црквата ја игнорира заповедта за нејадење на крв. Но, како што видовме, трансфузијата е нешто сосема различно.

Она што за мене е далеку поинтересно е прашањето од каде е поривот за таквото грчевито и фанатично придржување до нешто што е поставено на теза, која и учебникот по биологија за основно училиште може да го собори? Бидејќи трансфузија на крв не е исто што и нејзино јадење, што е тогаш тоа непримање крв по пат на трансфузија? Кому треба крвта што ќе истече од телото на Јеховиниот сведок, одведувајќи го во смрт? Зарем на Бога?!

Ако се сеќаваш на средбата на Гетеовиот Фауст и Мефистофел, тогаш знаеш дека на Фаустовото прашање зошто договорот кој му го понудил Мефистофел мора да го потпише со крв, тој одговорил: „затоа што крвта е посебен сок“. Зошто крвта е посебен сок, зошто токму со крвта се потпишува договор со сатаната? Според учењето на окултистите, етерскиот аспект на човечкото битие го содржи човечкото „јас“ (личност), а манифестација на етерскиот аспект во материјалниот свет е токму крвта. Значи, во крвта е содржано и човечкото „јас“ (тој самиот). Со потписот со крв, Фауст всушност му го дава своето „јас“ на Мефистофел, со што тој станува господор на неговата комплетна личност.

Добро размислите за ова и запрашајте се на кој договор капи крвта која истекува од телото на Јеховиниот сведок? Дали тоа е потпис на завет со единиот вистински Бог или на договор со некој, чиј мрачен лик се наѕира под вашите, пред сé, морбидни доктрини?

Мимикрија или договор со лакрдијашот

Од сето наведено, очигледно е дека литературата и учењето на Јеховините сведоци е со длабок манипулативен карактер. Можеби и премногу би било да е доволен само човечки ум за да го креира, бидејќи вишеслојноста на заблудата во извесен текст или учење покажува дека зад неа стои ум кој е исклучително интелигентен, но според неговата сопствена опсесија за извитоперување, прекројување, па дури и отворена лага, очигледно е дека не само што не е добронамерен, туку остава впечаток на потсмев и презир спрема оние кои ја прифаќаат неговата креација. Затоа, после читање на некој текст, секогаш одново ќе наидувате на заблуди, погрешни учења, алогични заклучоци, а лингвистичкиот простор во кој се наоѓа заблудата ќе се намалува од целокупниот текст, преку пасуси, реченици, делови на реченици, зборови, па сé до интерпункциски знаци.

Кога ќе почнете да ја откривате измамата во еден единствен збор, јасно ви е дека имате работа со некој кој сé предвидел однапред, а покрај сé, ја издава и својата природа на лакрдијаш. За жал, неговата лакрдија не е смислена да забавува, туку свирепо да убива. Со системот на искривено огледало, тој умот на потенцијалниот следбеник го воведува во свет на крајна релативност.

Можеме да константираме дека Јеховините сведоци го толкуваат само половина Свето Писмо, бидејќи ја толкуваат онаа половина со која го поткрепуваат своето учење, а ја игнорираат или дури ја преправаат онаа половина која не им оди во прилог. Така едностраноста и тенденциозноста стануваат моќни сили за манипулација на скриениот лакрдијаш.

Ако на сé ги додадеме и научните полувистини, користени како аргумент во поткрепувањето на вистинитоста на учењето; ако го додадеме потполно неточното изнесување на историските факти, па и отворената лага, која често ја следи иронија или прикриена желба за егзекуција на оние за кои се лаже; ако го додадеме сесрдното користење на незнаењето на самите Јеховини сведоци, на кои незнаењето им е подметнато како добродетел со изедначување на поимите незнаење и бедност на духот; ако ја додадеме гордоста која ги храни следбениците преку ласкави зборови во литературата; и да не набројуваме понатаму, – тогаш го откриваме лицето на лакрдијашот кој стои зад сето тоа. Фауст не е ниту прв ниту последен потписник на неговиот договор, бидејќи со најбанална погрешна интерпретација на медицинските факти и докази, кои немаат ниту медицинска, а камоли теолошка веродостојност, тој потпис го изнудува и од Јеховините сведоци. Најжалосно е што Јеховините сведоци во тоа гледаат исполнување на волјата Божја. Но, тоа и е најопасното оружје на злото, мимикрија, која овозможува луѓето да го гледаат како добро. Освен тоа, секој кој помислува да стане припадник на сектата Јеховини сведоци, нека прво размисли со кого всушност потпишува договор.

Амин.  Слава Му на Бога!


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Расправа на основа на Писмото, стр. 186, поднаслов: “Дали трансфузијата навистина е исто што и једење на крв?”
  2. 67. канон 6. Вселенски собор.

Извор: Светосавље

Преведе: A.A.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Трансфузија. Bookmark the permalink.