КЕЛС И ЈУЛИЈАН – Авторитетите за Јеховините сведоци – Писмо бр. 2 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Почитуван пријателу на вистината,

Бидејќи во опишувањето на Константиновиот период од страна на Јеховините сведоци е изнесено многу полувистини и невистини, прашањето кое треба да го разгледаме е валидноста на користените ивори. Но, доволно е да се прелиста литературата на Јеховините сведоци, за да видиме кои извори ги користат во критиката кон „демек христијанството“ т.е. кон нас.

Цитирајќи го Вил Дјурант, тие велат дека: „Целзо (Келс) саркастично забележал дека христијаните се поделени на толку фракции, што секој поединец сака да има сопствена страна“[1]. Кој е всушност Келс? Тој бил филозоф епикуреец, значи, гол материјалист, а со самото тоа, жесток противник на Христијанството. Во своето дело „Вистинско слово“ [2] полно со омраза, посегнува кон еврејските лаги за Господа и Богородица, а кои не ги наведувам, бидејќи такви хули не можам да напишам (може да ги најдете во „светата“ книга на новојудаизмот Талмуд / сабат 104 б / и во Токдош јеж и Сахар). Во делото Келс ја докажува бесмисленоста на Христијанството, исмејувајќи го ниското потекло на Господа Исуса Христа, како и на апостолите, додека христијаните ги исмева заради нивната искреност и ниската положба во општеството. Неговата „саркастична“ забелешка за поделеноста на Христијанството всушност е злонамерна невистина, бидејќи она што Келс го видел како христијански фракции се всушност ересите кои Црквата ги осудила и исклучила (инаку, поголемиот број од тие ереси денеска се составен дел од доктрините на Јеховините сведоци). Тоа што некои од нив сакале да се прикажат себеси како автентични христијани (на пр. Маркион), не е никаков аргумент за Келсовата забелешка, бидејќи и денеска имаме многумина од оние кои себе се нарекуваат христијански заедници, но само една е вистинска и апостолска Црква. Жалосно е некој кој себеси се нарекува христијанин, како „авторитет“ да го наведува и цитира Келса.

На стр. 266 од погореспоменатата книга на Јеховините сведоци, во посебен истакнат дел од текстот, како „авторитет“ на критиката на Христијанството го наведуваат Порфириј и веќе споменатиот Јулијан „римски цар и противник на Христијанството“. Текстот зборува за тоа како Порфириј и Јулијан го потегнале прашањето „дали Исусовите следбеници, а не Самиот Исус, се одговорни за посебниот облик на христијанската религија.“ Според зборовите на Јеховините сведоци, овие двајца врз темелите на Новиот Завет докажале дека Исус Себе не се нарекол Бог, туку дека „Неговите следбеници го отфрлиле Неговото учење и на своја рака вовеле нов начин на обожување во кој Исус е предмет на обожување и клањање.“

Бидејќи за Јулијан веќе нешто кажавме, само ќе разјасниме каде и како Јулијан пишува за Христијанството. Јулијан својата критика кон Христијанството ја насловил како: „Против христијаните“, каде во седум книги се обидува да го докаже противречењето на христијанското учење. Зошто Јеховините сведоци не наведуваат од кој дел ја презеле Јулијановата критика? Затоа што во тој дел се наведува кои „следбеници“ го измениле учењето за Господа и Него Го прогласиле за Бог. Јулијан вели дека Исус Себеси не  се сметал за Бог, а тоа не го прават ниту Матеј, ни Марко, ни Лука, туку дека Бог го нарекува само „добриот Јован“ (апостол Јован) и тоа кога дознал дека многу луѓе од Грција и Шпанија го нарекуваат така. Вака Јулијан говори за апостолот кој бил „возљубен ученик“ Христов, на кого Господ ја довери Својата Мајка на чување, кој ја открил иднината на светот и Црквата (Откровение). Според Јулијан, токму тој ученик не знае кој е Господ. Додека апостол Јован со потсмевлив тон го нарекува „добар“, во истиот дел за Господа Исуса Христа вели дека Неговата проповед била безначајна и дека со неа придобил неколку наивни жени и робови. Христијаните за Јулијан се глупави, бидејќи признале мртовец за Бог, а на мртвите останки (т.е. Господа) и денеска им укажуваат почит. Вака Јулијан зборува во своето дело „Против христијаните“.

Она што Јеховините сведоци го премолчуваат е тоа дека Јулијан под следбениците на Исус Христос кои Го признале за Бог ги подразбира исклучиво апостолите, а особено апостол Јован. Тоа го прават за да стекнеме впечаток дека тие Христови следбеници се „демек христијаните“ т.е. Црквата. Додека цар Константин, кој меѓу првите покренал иницијатива за новозаветен канон, го нарекуваат паганин и многубожец, Јеховините сведоци Јулијана го цитираат како познавач на Светото Писмо. Секој коментар е излишен.

Друг „авторитет“, покрај Јулијан, за Јеховините сведоци е Порфириј. Порфириј бил неоплатоник, значи повеќе многубожечки богослов отколку филозоф. Тој, како и Јулијан, трага по противречности меѓу Стариот и Новиот Завет, како и во учењето на самите апостоли. Неговото дело, како и она на Јулијан, е насловено „Против христијаните“, каде во петнаесет томови ги изнесува „аргументите“ против Христијанството. Порфириј тврди дека Христовите следбеници, Апостолите, се оние кои не ја разбрале Неговата наука, а тоа го поткрепува со несогласувањето меѓу апостол Петар и Павле (Гал. 2,11), намерно премолчувајќи дека тоа несогласување не довело ниту до промени ниту до разликувања во учењето на апостолите. Порфириј за Господа вели дека е променлива и непостојана личност, иако, за разлика од Келс, како аргумент не изнесува најгнасни лаги. Тој длабоко ги презирал христијаните, а како синкретист присвојувал некои од христијанските идеи.

Порфириј и Јулијан под следбениците кои не ја разбрале Христовата наука ги подразбирале исклучиво апостолите, сакајќи со тоа да ги разнишаат самите темели на Христијанството. Но, Јеховините сведоци тој детаљ го премолчуваат. Она што е застрашувачки е фактот дека мајсторите на бруклинската кујна и тоа како знаат од каде ги цитирале Јулијан и Порфириј, што значи дека знаат сé што стои во тие списи, но го изнесуваат само она што им одговара.

Трагично е кога некој како познавачи на Светото Писмо ги наведува неговите жолчни противници, а трагедијата да биде потполна, насловот на текстот, во кој Јеховините сведоци ги изнесуваат заклучоците на Порфириј и Јулијан, гласи: „христијанството против демек христијанството“ (Човештвото во потрага на Бога, стр. 266).

Кому ваква манипулација со полувистини и невистини му е потребна, најдобро да се запрашаат самите Јеховини сведоци.

* * * * *

Бидејќи за односот на Јеховините сведоци кон Вселенските Собори би можеле многу да кажеме, овде ќе го изнесеме нивното мислење за Првиот Вселенски Собор, како пример на типична примена на полувистини.

Сакајќи да го прикажат Првиот Вселенски Собор како нелегитимен и да го минимизираат неговот значење, Јеховините сведоци наведуваат дека на тој „нерепрезентативен концил“[3] имало околу 300 учесници, „а тоа е сéвкупно третина бискупи (епископи – заб. на авт.) од тогашната црква“.[4]

Она што Јеховините сведоци или не го знаат или намерно пропуштаат да го кажат, е дека еден собор станува вселенски кога одлуките важни за Црквата во целина, ги прифаќаат сите помесни Цркви. Значи, не е потребно епископите од сите помесни цркви да присуствуваат на соборот, туку да ги прифатат неговите одлуки. На Првиот Вселенски Собор, кој е свикан заради Ариевата ерес (која ја исповедаат Јеховините сведоци) не учествувале сите епископи, бидејќи многумина од нив веќе порано го осудиле и Ариј и неговата ерес (на пр. Архиепископ Александар Александриски, светител и голем богослов) и само чекале и формално да ги прифатат одлуките од соборот.

Инсинуациите на Јеховините сведоци дека цар Константин на Соборот ги довел само оние епископи кои го прифаќале неговото гледиште на Христијанството, остануваат во доменот на хипотетиката. Она што го занемаруваат не само Јеховините сведоци, туку и многумина историчари кои се антихристијански настроени, е фактот дека многумина од епископите кои учествувале на Соборот ги носеле лузните на не толку одамна завршеното Диоклецијаново гонење. Според Јеховините сведоци, тие епископи трпеле мачења, страдања и прогони за на крај да Го издадат и Христа и Христијанството, осудувајќи го Арија.

Кои се жртвите на вакво манипулирање со вистината, историјата и фактите, пресудите сами.


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Човештвото во потрага по Бога, стр. 279
  2. Сочувана во одломцима на Оригеновата апологији Против Келс
  3. Човештвото во потрага по Бога, стр. 276.
  4. Публикација Дали треба да се верува во Тројството?, стр. 8.

 Извор: Светосавље

Превод: А.А.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Авторитети, Историја, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам. Bookmark the permalink.