Бог силен и Бог семоќен – Писмо бр. 9 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Драг мој пријателе,

да  се задржиме на ниво на вашата логика и методологија така што нема да водиме дијалог дали Господ Исус Христос е Бог или не, туку следните редови треба да покажат уште еден апсурд во учењето на вашите Јеховини сведоци.

На стр.146 од книгата Расправа на основа на Писмото, Јеховините сведоци велат: ”Исаија 9: 6 исто така пророчки го опишува Исус како “Бог силен”, но не како семоќен Бог”. Тоа што Господ Исус Христос е наречен Бог силен, а не семоќен, според Јеховините сведоци е уште еден доказ дека Господ не е Бог.

Јеховините сведоци тука инсистираат на терминолошка разлика помеѓу поимите „силен“ и „семоќен“. Според нив, овие два збора не се  синоними. Кога би рекле за Бог дека е семоќен, моќен, силен, седржител итн, кога во недоглед би ги набројувале божествените особини, не би можеле сите да ги наброиме. Меѓутоа, кога би навеле само една од нив, би ни било доволно да го сфатиме она заради што ги употребуваме, а тоа е да ја објасниме на наш јазик апсолутната разлика меѓу Бог и целото создание. Поимите “силен” и “семоќен” можат потполно да се употребат како синоними, но Јеховините сведоци инсистираат на лингвистичкa и гранматичка прецизност и суптилност, па поради тоа овие двa поими за нив не можат да бидат синоними.

Но, колку Јеховините сведоци се доследни на сопственото инсистирање на терминолошка прецизност, најдобро сликовито укажува реченицатa: “Единородниот Син Божји, единствен син кој самиот Јехова го создал”[1]. Гледаме дека, според нив, во овој случај термините “да роди” и “да создаде” се синоними толку идентични што ги користат во една реченица за да го опишат потеклото на Господ Исус Христос. Колку навистина овие два термина се синоними? Поимот “роден” ни укажува на нечии потекло по природа, а што значи тоа? Од секојдневниот живот знаеме дека оној кој е роден може да биде идентичен по природа само со оној кој го родил. Така, жената може да роди само човечко битие, таа не може да роди ниту теле, ниту жаба, ниту птица. Жената раѓа битие кое по својата приода е идентично на самата неа. Таков е случајот и со животните и со растенијата. Имено, желката може да се изведе од јајца кои ги положила желка, мачката може да окоти само друга мачка, од семето на розата може да изникне само друга роза итн. Значи, поимот “роден” нé упатува на идентитетот на природата.

Што е со терминот “создаден”? Да се создаде, во овоземна смисла, значи да се преобликува веќе постоечка материја за да добиеме нешто друго. Значи, да се изврши влијание кое ќе доведе до појава на саканиот предмет. Затоа и една мајка многу добро го разликува детето кое го родила и кое по пророда е човечко битие како и таа самата, од сармата која ја создал од нешто кое по природа е растение (зелка) и месо, кое потекнува од нешто, кое по природа е животно (свиња). Така може да земеме дрво и од него да обликуваме маса, столица, полица итн (намерно банализирам). Значи, ние не можеме да створиме друга природа. Меѓутоа, Бог создава “ех nihilo” ни од што и единствено само Он може така да создава. Затоа целиот создаден свет и небото (ангелите и духовниот свет) и земјата (човекот и сета природа) се содание Божјо. Бог светот (целокупниот космос) не го родил, туку го создал од љубов. Значи, светот по својата природа не е идентичен со Бог, бидејќи е создаден, а не роден. Во тоа е разликата меѓу вистината за создавањето на светот и погледите на разните многубожечки религии, кои сметале дека Бог и космосот се само различни еманации на една иста природа. Верата во вистинскиот Бог донела потполно друга слика: целиот свет е создание Божјо, a со самото тоа по природа е нешто сосема друго од Бога.

Да се вратиме сега на поимите “роден” и “создаден”. Овие поими се различни токму за тоа  јасно да ни укажат на потеклото на нештата. Овие поими никогаш не можат да бидат синоними, затоа што ги користиме за да ја нагласиме разликата во потеклото.

Така и Господ може да биде или роден од Бога или создаден, но никако и едното и другото! Кога би рекле дека Господ е создаден, значи дека Тој е дел од целокупното создание, светот и космосот. Тоа Јеховините сведоци и се трудат да го наметнат, дури и со прекројување на Светото Писмо, а еве како тоа изгледа: “Со негово посредство е создадено сé останато”[2]. Овој израз “сé останато” всушност ни укажува на идентичност на природата на Господа и создадениот свет. Затоа тука и е искористен, бидејќи кога велиме „сé друго“, т.е. сите други созданија, изведуваме заклучок дека и Самиот Господ, како прв во низaта од тие созданија, сепак e само еден од нив, па макар и најголем и најсовршен, но само создание е.

Но, знаеме дека токму на ваквото учење се спротиставува самото Свето Писмо, бидејќи во него Господ е наречен единороден Син. Значи, единствен Кој е роден од Отецот[3]. Да ги разгледаме аргументите на Светото Писмо за тоа дали Господ е роден или создаден.

Дека Господ е единороден Син Божји, ни кажува Свето Евангелие по Јован: “Бога никој никогаш не Го видел, единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он го објави”[4]. Ако Господ е единороден Син Божји, единствен роден од Отецот, дали е можно да не е со иста природа како и Отецот? Токму тука доаѓаме до недвосмислени докази за божеството на Господа Исуса Христа. Имено, бидејќи е роден од Отецот, тогаш бесмислено е да се каже „Единороден Син Божји, единствен Син кој Сам Јехова Го создал”. Господ е или роден или создаден, а не може да биде и едното и другото.

* * * * *

Еден од доказите дека Господ нема идентична природа со Отецот, Јеховините сведоци го изведуваат на основа на следниот стих: „Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар“ (Синодален превод МПЦ 1990); „Кој Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание“ (Константинов 1999); „Он е слика на невидливиот Бог, првороден од сите созданија“ (превод НС,  Јеховините сведоци). Коментирајќи го овој стих, тие наведуваат: “Тринитарците велат дека “пророден“ тука означува прв, највозвишен, најистакнат; така што Христос не би се сметал како дело на создавањето…“[5] Овде се истакнува што велат тринитарците (т.е. Православните), но не и зошто тоа го велат. Пропустот е намерно направен, бидејќи сфаќањето на поимот првороден кај “Тринитарците” се заснова на Светото Писмо, или поточно, на првенството онака како што го опишува Светото Писмо[6]. (Ова не е едиствен случај каде значењето на овој поим погрешно го преставуваат со цел да го потврдат своето учење). Имено, Стариот Завет ни кажува за законот на првенство, тоа е закон по кој првенецот ја населдува севкупната власта над семејството и имотот. Првенецот не мора да биде хронолошки првенец (иако во најголем дел од случаите било така), туку првенството се однесува, пред сé, на наследникот, машкиот потомок кој е носител на одредени права и должности. Да видиме што вели Стариот Завет за тоа: ”Синови на Рувима, првороден Израилев, – тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени. Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосифа“ (1 Летописи 5:1,2). Првенството можло и да се продаде: „Но Јаков му рече на Исава: “Продај ми го денес првородството твое!” (1. Мој. 25:31), што јасно укажува дека првенството не подразбира  дека неговиот носител е и хронолошки првенец.

Значи, Господовото првенство не значи дека Он е првосоздаден, дека Он е прв создаден, па сé останато. Првенството и овде ја има онаа смисла која му ја дава Светото Писмо, а тое е: поседување на врховна власт, предност над сите останати, како и супериорност, односно олицетворување на идеалот. Така, имаме случај кога Бог за израилскиот народ вели: “…Израил е син мој, првенец мој(2. Мој. 4:22), а ова е речено бидејќи носителот на вистинската вера, Авраам, е од еврејскиот народ, а Месија Спасителот, исто така доаѓа од тој народ, а не зашто што тоа е народ кој Бог прв го создал. Кога Јаков го благословува Рувим, вели: ”Рувиме, сине мој првороден, ти си крепост моја и почетокот на чедата мои, прв по достоинство и прв по сила” (1. Мој. 49:3) и тука првенството се сфаќа како право на власт, како достоинство и возвишеност, а не како временски поим.

Зошто за Господа велиме дека е “првороден”? Да го разгледаме стихот: “и он е глава на телото односно на Црквата, он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сé” (Кол. 1:18); како и стихот: и од Исуса Христа, кој е верен сведок, првороден од мртвите и господар на земните цареви“ (Отк. 1:5). Гледме дека двата стиха за Господ велат дека е “првороден од мртвите”. Дали тоа значи дека Он прв воскреснал? Не. За да сфатиме зошто Господа се нарекува „првороден од мртвите“, мораме да знаеме зошто Господ дошол во светот. Он дошол во светот за да го спаи светот од најголемите непријатели на човештвото: гревот, злото и смртта[7]. Согрешувајќи, човекот почнал да прави зло што го одвело во смрт, бидејќи смртта е плата за гревот. Така смртта станува дел од падната природа. Меѓутоа, Господ со воскресението ја победува смртта, а што тоа ни говори? Дека природата на Исуса Христа не била подложна ниту на гревот, ниту на злото, ниту на смртта. Господ на себе ја зел човечката природа за да ја избави, како што со човечката природа умрел, истата да ја подигне со воскресението од смртта. Господ со воскресението покажал апсолутна власт над човечката природа, до таа мерка што ја победил и смртта. Така Господ станува носител и обличје на совршената човечка природа и ú дава можност преку Него да ја победи и смртта.Токму тоа апостол Павле го вели: „Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што ќе стане подобно за Неговото славно тело“ (Фил. 3:21), и се радува со зборовите: “… победата ја проголта смртта.Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?(1. Кор. 15: 55, 56).

Знаеме дека Господ како човек бил и уморен, и гладен, и жеден, и подложен на сон, но сите тие се слабости кои сами по себе не се грев. Земајќи ги и тие слабости на Себе, Господ го презема секој аспект на човечката природа. Но, како што апостол Јован вели дека Господ е: “… и Господар над  земните цареви(Отк. 1:5),  а земните цареви се гревовите кои владеаат со „земниот човек“[8], не само што не им е подложен, туку им е господар, значи со својата власт може да ги укине и со тоа да го избави човекот кој е подложен на робување на гревот: а ако пак Христос е во Вас, телото е мртво за грев“ (Рим. 8:10).

Така “првороден од мртвите” не го означува оној кој прв воскреснал, туку Оној кој владее со смртната природа, а со самото тоа и со смртта, бидејќи она е дел од смртната природа. Човекот не може сам да воскресне, бидејќи смртта е составен дел од неговата падната природа. Но, во Христа, Кој ја победи смртта, можеме и ние тоа да го направиме или поточно: Христос во нас ја победува смртта, ако ние безусловно Го прифатиме.

Во тој конеткст треба да се сфати и поимот: “Првороден пред секоја твар(Кол. 1:15). Господ е наречен „првороден пред секоја твар“ бидејќи сето создание му е потчинето, но не како Он да е прв од тоа создание хронолошки, туку дека ú претходи како причина. Дека тоа е така потврдува и тоа што за Христос се користи изразот “αρχη” што значи начело, почеток по причина, а не изразот “πρωτοξ,” што значи прв во низата, значи, во овој случај прв по редослед на создавањето, што Јеховините сведоци се обидуваат да докажат. Затоа и апостол Павле го користи терминот “првороден” (прототокос), а не првосоздаден (протоктиоти).

Јеховините сведоци наведуваат дека терминот „првороден“ секогаш се употребува со значењето – „првороден е дел од група“, веројатно мислејќи дека и Господ е дел од “група”, односно созданието. Но, Светото Писмо на многу места недвосмислено ни зборува  за далеку поголемото достоинство на Господа, и не само тоа, туку дека Самиот Господ е создател нa созданието[9], а со самото тоа, Господ по природа е сосема нешто различно од созданието. Токму заради таа разлика Он има моќ над природата на созданието, додека ангелите, иако се посовршени од луѓето, сепак можат да паднат. Дали преку таквата природа, преку ангелската природа, настанало сé? Не, бидејќи Христос е причина и за ангелите. Бидејќи преку Него (Христос) е создадено сé што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо, било престоли, било господства, било началства, било власти – сé е преку него и за него создадено(Кол. 1:16). Она што е битно да се забележи во овој стих е дека “сé е преку него создадено”, а не “сé е преку Него родено”. Токму тоа ни говори за разликата меѓу природата на Господа Исуса Христа и природата на созданието, па дури и англеската, која исто така е создание. Господ е вистински Бог и вистински Човек, но Он не станал човек за Себеси да се понизи, туку со Своето понизување да го возвиси човекот.

Потпирајќи се на своето толкување, Јеховините сведоци го поставуваат прашањето: “…Ако науката за тројството е вистинита, зошто за Отецот и Светиот Дух исто така не се вели дека се првородени пред секоја твар?”[10]. Затоа што Христос ја зел на Себе падната природа на созданието за со тоа стрдање да ја искупи, а со воскресението да ја обнови и да ја воздигне од состојба на пад: “откако го соблековте стариот човек со неговите дела и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот создател“ (Кол. 3:9,10), „бидејќи во Христа Исуса ниту обрезанитео нема никаква сила ниту необрезанието, туку новата твар(Гал. 6:15). Господ станал сострадалник со човекот за Отецот преку Христа да нé посини. Преку првенството Христово, човечката природа е издигната до Отецот. Затоа апостол Павле пишува: „оние кои ги позна порано, нив и ги определи да бидат слични по образ на неговиот Син, та Он да биде првороден меѓу многуте единородни браќа(Рим. 8:29). Господ е наречен „првороден“, бидејќи зел обличје на слуга, на создадената природа, која во Него е спасена и Он со тоа се покажал и како нејзин Господар – но и носител.

Господ Исус Христос има свој почеток, но не во времето, како што тврдат Јеховините сведоци, туку во Отецот, а бидејќи Отецот е беспочетен, беспочетен е и Синот. Пророкот вели: „И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста“ (Мих. 5:2).

Видовме дека Јеховините сведоци инсистираат на разликување на поимите “силен” и “семоќен”, кои можaт да бидат синоними, додека за поимите “роден” и “создаден” тврдат дека се идентични. Иако тие јасно укажуваат на различноста во потеклото и природата, Јеховините сведоци грубо ја игнорираат смислата на тие поими заради поткрепа на своето учење. Зошто тука се изгубил перфекционизмот во разликувањето на поимите, не е потребно посебно да се истакнува.

Никео-Цариградскиот  символ на верата  вели: “Верувам во Единиот  Бог Отец….и во едниниот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден, роден од Отецот пред сите векови… Роден, а не создаден…Toa е она во што верува секој православен христијанин, а тоа, од крајот на краиштата, е она на што нé учи Светото Писмо. Бог вели: Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката –таа нема да роди?, вели Гопсод. Или Јас, Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата – вели твојот Бог(Ис. 66:9). Јеховините сведоци со своето учење за првосоздаденоста на Исуса Христа ги негираат зборовите на Самиот Бог.


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Исто, стр. 142. Исус Христос, дефиниција.
  2. Расправа на основа на Писмото, стр. 142.
  3. Јн. 1:18; 1. Јн. 4:9
  4. Јн. 1:18
  5. Исто стр. 396. Дали Библијата учи дека сé е вечно, нема почеток, затоа што се вели дека е дел од Тројството?
  6. Публикација „Шта бара Бог од нас“, 1996. стр. 6 пишува: Он бил прво Божјо создание и затоа е наречен првороден син Божји.Исус е единствениот син кој го создал Самиот Бог.
  7. Евр. 2:14.
  8. 1 Кор. 15:47
  9. Јн. 1:3
  10. Расправа на основа на Писмото, стр. 396.

Извор: Светосавље

Превод: Ж. С.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Ислам, Исус Христос, Исус Христос, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам. Bookmark the permalink.