Емануил – Писмо бр. 8 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com


Пишува: Мирослав Радошевиќ

Во пророштвото за раѓањето на Спасителот, пророкот Исаија вели: И затоа самиот Госпдод ќе ви даде доказ: ете девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му го дадат името Емануил(Ис. 7: 14). Апостол Матеј во Eвангелиеto го дава зналењето на името Емануил: “И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди син, и ќе го наречат Емануил што значи со нас е Бог” (Мт. 1: 23). Пророкот со името Емануил ни укажува на една длабока вистина, а тоа е овоплотувањето на Месијата од Светиот Дух и Дева Марија. Емануил е символично откривање на вистината на овоплотувањето, кое пророкот го пророкувал седум векови пред тоа да се случи. Емануил е исполнување на ветувањето кое Бог ú го дал на Ева (Битие 3: 15). Значи, со името Емануил пророкот ја открива тајната на овоплотувањето за спасение на човечкиот род. Со името Емануил е означено спасението од Бога, и дека поради тоа Бог ќе биде со нас, т.е во светот. Самиот наслов со кој Јеховините сведоци го почнуваат своето разгледување, ни го наметнува прашањето: “Дали Матеј 1: 23 не укажува дека Исус, додека бил на земјата, бил Бог?[1]” На ова прашање одговараат: “Не било невообичаено еврејските имиња во себе да го содржат името бог или дури скратен облик на Божјото лично име. На пример, Елијата значи  “Бог дојде”, Јеху значи “Јехова е он”, Илија значи “Мој Бог е Јехова”. Но, ниту едно од тие имиња не подразбира дека нивниот носител е самиот Бог“[2].

Значи, носителот на некое име, всушност, не  мора да биде тоа што неговото име означува. Илија значи “Мој Бог е Jахве”, но не мора да значи дека секој кој го носи тоа име е побожен, или пак носителот на името Љубомир (да го љуби/ да го сака мирот) може да биде кавгаџија, пргав итн. Така нам Јеховините сведоци ни го објаснуваат и името „Емануил“.

Да прејдеме на само неколку страници понатаму во книгата “Расправање на основа на Писмото” (стр. 151) ќе го пронајдеме тврдењето на Јеховините сведоци, кое гласи: “Михаил значи ’Кој е како Бог?’ Името очигледно го означува Михаил како оној кој го превзема водството во поддршка на сувереноста на Јехова и уништувањето на Божјите непријатели”(стр 151). Значи, значењето на името неминовно укажува на особината на оној кој го носи тоа име, бидејќи Јеховините сведоци велат дека “името очигледно означува”, а тоа е токму спротивното од она што го  докажуваа на страна 147. Јеховините сведоци овде користат дава потполно различни аршини за идентичен проблем, а сé со цел да докажат дека се во право. Меѓутоа, оној кој вистинитоста на своето учење го докажува со полувистини, невистини, премолчување и со искривени погледи, тешко дека ќе може за самото учење да рече дека е вистинито.

Видовме дека постојат лични имиња чие значење не мора да биде во склад со психофизичките особини на оние кои ги носат тие имиња. Од друга старна пак, постојат имиња кои потекнуваат од некоја конкретна особина или дури и од самата природа на носителот. Во овој случај, името укажува на длабока смислена поврзаност  со оној кој го носи тоа име. Да го земеме за пример името Адам. Адам на еврејски значи земја, а Адам буквално преведено би било “земјенко”. Овде името укажува на физичкото потекло. Така е и со името на Ева: „Нека ú биде името жена, зашто е земена од мажот“ (1. Мој. 2: 23) или “и ја нарече Адам жената своја Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи (1. Мој. 3: 20). Знаеме дека името може и накнадно да се добие, па се нарекува прекар. На пример, Исав, продавајќи го своето првенство за чинија црвена леќа, го добил прекарот Едом (1. Мој. 25: 30), што значи црвен.

Да ја разгледаме сега проблематиката околу името Емануил – “со нас е Бог”. Со ова име Пророкот сака да нагласи една од особините на Спасителот. Тука не се работи за лично име, бидејќи знаеме дека личното името на Спасителот е Исус (кое, исто така, има своја смисла, на еврејски Јошуах, значи „Бог е спасение“, значи – Исус Спасител). Емануил ни укажува дека спасението ќе дојде од Бога и дека Он ќе биде со нас, така што ќе ја земе човечката природа на Себе, за да ја избави. На истиот начин пророкот Еремија Спасителот го нарекува “Господ наше оправдание”(Еремија 23: 6). Значи, пророк Еремија со тоа сака да укаже на праведноста на судот Господов, што е уште една од особините на Спасителот, а никако да ни го даде точно сопственото име на Спасител. Пророците со овие имиња ги изразувале длабоките вистини за Спасителот.

Јеховините сведоци ја негираат секоја подлабока смисла на името Емануил, додеке во исто време името Михаил го толкуваат, и наведуваат особинини на архангел Михаил токму по значењето на името. Покрај сé, симптоматично е и тоа што во текстот на Јеховините сведоци се наведува само Мат. 1: 23, а не и Ис. 7: 14, иако тоа се две паралелни места. Ова е така бидејќи составачот на текстот на Јеховините сведоци сакал да ја оттргне пророчката тежина, која недвосмислено стихот ја добива ако го поставиме во времето на пророкот Исаија.


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Расправање на основа на Писмото , стр.147.
  2. Исто.
This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Ислам, Исус Христос, Исус Христос, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам. Bookmark the permalink.