Апсурдите на една заблуда – Светиот Дух – Писмо бр. 7 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Драг мој,

За веднаш да преминеме на проблемот, би Ви обрнал внимание на една навидум излишна и банална работа, но во овој случај многу битна: бесмислено не е исто што и натприродно, така што и верата не е вера во апсрудност и бесмисленост, туку во нешто кое го надминува нашето искуство и нашиот разум. Преку поединечни докази ќе наидеме токму на мешање на овие поими во литературата на Јеховините сведоци. 

Говорејќи за Духот[1], Јеховините сведоци велат: “Споредувањето на библиските стихови, кои се однесуваат на Светиот Дух, покажува дека за Него се вели дека може да ги “исполни” луѓето и дека тие со Него можат да бидат “крстени”, како и “помазани” (Лк. 1: 41, Maт. 3: 11, Дела 10:м 38). Ниту една од овие изјави не би била соодветна кога Светиот Дух би бил личност“. Според вас, значи, човекот не може да биде исполнет или крстен од личност, па од тоа заклучувате дека Светиот Дух не е личност[2]. Да го разгледаме пасусот кој следува во истиот текст: „Исус Светиот Дух го означил како ’помошник’ (грчки: параклето) и рекол дека овој помошник ќе “поучува”, ”сведочи”, ”говори” и “слуша” (Јован 14: 16, 17: 26; 15: 26; 16: 13 НЊ). „Во Библијата не е необично нешто да се персонифицира“ (исто, стр. 98). Следејќи ја логиката на Јеховистите, ние, кои веруваме дека Светиот Дух е личност (Ипостас), овде може да речеме дека ниту една од овие изјави (дека Духот поучува, говори и сл.) не би била соодветна доколку Духот е само безлична сила.

Не навлегувајќи во теолошко разгледување на наведениот текст, би Ви поставил прашање Вам и воопшто на сите Јеховини сведоци: дали ви паднало на ум дека кога се вели дека Духот „исполнува“, со Него може да се биде „крстен“ или „помазан“, дека не се зборува буквално, туку дека станува збор за персонификација, бидејќи “во Библијата не е необично нешто да се персонифицира?

На волшебен начин Јеховините сведоци го применуваат објаснувањето со персонификација само на оние места на кои тоа им одговара.

Кога Светото Писмо говори за Духот, припишувајќи Му особини на живо битие или, поточно, личност (Духот сведочи, зборува, слуша), вие ноншалантно велите:  “Знаете, тоа е само персонификација”.

Логички, граматички, лингвистички (…) во двата случаја е апслолутно можно да се примени персонификација, така што, невозможно е да се користи аргументот кој го користат Јеховините сведоци („ниту една од овие изјави не би била соодветна, ако Светиот Дух е личност“), за да докажат дека Светиот Дух не е личност. Да се разбереме, овде не станува збор за теолошка грешка, туку за бесмисленост во процесот на доаѓање до заклучок. За жал, ова не е единствен пример.


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Распрвање на основа на Писмото , стр. 98.
  2. Овде губите од предвид дека кога Светиот Дух би бил само сила (макар и Божествена и најмоќна), би бил бесловесна сила и со самото тоа само стихија без свест, што е во директна спротивност со Светото Писмо, во кое стои дека тоа што е во Бог, никој не го знае, освен Духот Божји, бидејќи Духот испитува сé, и длабочините  Божји (1 Кор. 2:10, 11). Ако Духот е само сила, тогаш тој би Го испитувал Бога, а со тоа Бог станува потчинет на Духот, односно на силата. Бесмисленост!

Извор: Светосавље

Превод: Ж. С

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

.

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Бог, Ислам, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Светиот Дух. Bookmark the permalink.