Љубов и Пекол – Писмо бр. 10 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Почитуван пријателе,

Да напрaвиме краток осврт на уште една апсурдност која произлегува од желбата на Јеховините сведоци да го докажат своето учење. Имено, Јеховините сведоци ни раскажуваат дека нивниот основач Расел, како млад поставувал многу прашања за традиционалното учење на црквите на „христијанството“. Па, по “исцрпно“ разгледување, заклучил: “Бог, кој својата моќ ја користи за создавање на човечки битија на кои им предвидел и предодредил вечно мачење, не може да биде ни мудар, ни праведен, а ниту полн со љубов. Неговите мерила би биле пониски од мерилата на многумина од луѓето”[1]. Но, од самиот заклучок на Рaсел, гледаме колку “исцрпно” го познавал учењето за пеколот, како и самото Свeто Писмо. Вие, кaко негови следбеници, го следите во чекор, па велите: „Што би помислиле за родителот кој ја држи раката на своето дете над оган, за да го казни поради некоја грешка? “Бог е љубов” (1. Јов. 4:8). Дали он би направил нештo што ниту едeн разумен родител не би гo нaпрaвил? Во никој случај!“[2]

Да разгледаме неколку примери, кои произлегуваат од учењето на Јеховиниоте сведоци:

Што би помислиле за родител кој зема едно дете да живее со него во куќата, а другото  дете го даде во дом за деца без родители? Иако тој дом ја има сета потребна удобност, дали би покажал родителска љубов одвојувајќи од себе едно од децата? Дали Бог би “направил нешто што ниту едeн разумен родител не би го направил”? Јеховини сведоци учат дека со Господа на небото ќе бидат само 144 000 луѓе, додека сите останати ќе живеат на Земјата. Замислете колку детето копнее за својот родител, кој го сместил во дом. Дали тоа личи на љубов?

Да замислиме дека се запалила куќа, во која останало едно дете, а татакото и другото дете стојат надвор пред куќата. Таткото го зема детето и го фрла во огнот за тоа да го извлече братчето кое е во куќата. Дали тоа е родителска љубов? Секако не. Секој татко сам би потрчал во огнот за да го избави детето. „Бог е љубов“ (1. Јн. 4,8) “Дали тој би направил нешто што ниту едeн разумен родител не би го направил?” Меѓутоа, според вас, Он го направи токму тоа: Господ Исус Христос е, како што тврдите, создание како сите останати созданија, Син Божји, првосоздаден, но сепак создаден. За да го избави паднатото создание од устата на гревот, злото и смртта, Бог својот најстар син го зема и фрла во маки, страдања и смрт за да ги избави паднатите деца. Јеховините сведоци велат дека самиот Син Божји го барал тоа. Замислете како детето надвор од куќата го моли својот татко тоа да скокне во огнот за да го избави братчето, а таткото вели : “Да, секако, скокни, а ако нешто ти се случи, јас ќе тагувам.”Дали тоа е родителска љубов? После сé, таткото вели дека тој е оној кој го избавил детето од огнот преку својот постар син. Таткото останува неизвалкан, а синот, кој го спасил братчето, е изгорен од огнот, задушен од дим и повреден од рушевините. Ваква слика добиваме за спасението ако ја реконструираме на основа на учењето на Јеховините сведоци. Но ова го демантира самиот Бог со зборовите: “Јас, Јас сум Господ и нема спасител освен Мене” (Ис. 43,11). Овие зборови можат да бидат исполенти само ако Господ Исус Христос е БОГ, во спротивно, тие се невистинити (во тој контекст треба да се сфати и Јуда 25).

Според Јеховините сведоци, Бог, Кој е љубов, не може да дозволи неговото содание да се мачи во пеколот. Меѓутоа, истиот тој Бог, кој е љубов, има личен егзекутор: ”Она што е важно, Библијата не дава датум кога ова кратко време ќе заврши и кога Христос ќе делува како егзекутор над Божјите непријатели за време на Армагедон”[3]. Гледаме дека за вас е многу похумано престапниците да бидат тргнати со егзекуција, отколку да се мачат во пеколот, што е нехуманта метода која не приличи на Бога. Со брзата егзекуција, Бог го спречува страдањето. Дали сето тоа приличи на Бога, Кој е љубов? Секако дека не.

Тука ни е јасно дека христијанското учење за пеколот е тенденциозно извртено. Доволно е, меѓутоа, да се констатира следново: според христијанското учење, пеколот не го создал Бог, и тој не е од Бога одредено мачилиште (види го текстот „за пеколот“). Затоа, Бог, Кој е Љубов, не е творец на пеколот. Според учењето на Јеховините сведоци, Бог, Кој е љубов, има личен егзекутор, кого сам го именувал. За Јеховините сведоци, тоа е потполно разумно.

Но, тука се работи за претераната желба за егзекуција на оние кои не размислуваат како Јеховините сведоци, па од таа желба произлегуваат избрзани заклучоци. Бидејќи Јеховините сведоци себеси се сметаат за правоверни, а остнатите за мразители на Бога, тие затоа велат: „Оние кои Го мразат Бога и неговиот народ, треба да се мразат, но тоа не значи дека ние ќе користиме секоја прилика за да им нанесеме физички повреди во духот на злобата и пакоста, бидејќи и злото и пакоста му припаѓаат на ѓаволот, додека чистата омраза – не. Мораме да маразиме во вистинска смисла на зборот, т.е да чуствуваме крајна активна одбојност, која се состои во сметање на таквото нешто како одвратно, гнасно и погано. Сигурно дека оние кои го мразат Бога не се достојни да живеат на неговата прекрасна земја. Земјата ќе биде ослободена од расипани луѓе и ние ниту со прст не мора да мрднеме за физички да ги повредиме, но мораме да имаме правилен став кога се во прашање овие непријатели. Божјото име е возвраќање на непријателите. Јеховините непријатели се познаваат по силната одбојност која ја чуствуваат кон неговиот народ и делата кои тој народ ги твори. Тие би ги прекратиле и сите Јеховини сведоци би ги осудите на затвор или концентрациони логори, кога тоа би го можеле. Не затоа што имаат нешто лично против сведоците, туку поради нивното делување. Тие објавуваат богохулни лаги и го навредуваат светото име на Јехова. Зарем да не ги мразиме оние кои го мразат Бога? Не можеме да ги сакаме овие омразени непријатели, бидејќи се достојни единствено на уништување”[4]. Во продолжение, Јеховините сведоци ги цитираат Пс. 74, 10:11; Пс. 59, 4-16; 11:13; Пс. 93, 9-18 и го молат Јехова “повеќе да не се двоуми и да го покаже својот гнев”.

Гледаме како изгледа сфаќањето на христијанската љубов од страна на Јеховините сведоци. Но, колку навистина ова сфаќање има врска со христијанската љубов: “А јас пак ви велам љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние кои ве колнат, правет им добро на оние што ве мразат и молете се за оние кои што ве навредувата и гонат (Мт. 5, 43-44).

Со ова, богатата  ризница на апсурдности во учењето на Јеховините сведоци, ниту од далеку не е исцрпена, но и наведените примери сосема доволно ги илустрираат некои од методите за замаглување и извртување на вистината, кои ги користат вашите Јеховини сведоци.

Понизен љубител на Бога на Љубовта,

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Човештвото во потрага по Бога, стр. 350.
  2. Расправа на основа на Писмото, стр. 280.
  3. Разбудете  се,  8. окт. ’95. год. наслов Можете ли да им верувате на божјите ветувања, стр. 8, поднаслов Никаков зададен датум.
  4. Сражарска кула, годишен 1951. стр. 733; цитирано од “Библија без Бога, христијанство без Црква” стр. 138.

Извор: Светосавље

Преведе: Ж.С

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Рај и Пекол. Bookmark the permalink.