За незнаењето – ПИСМО БР. 14 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

„Блажени се бедните по дух…“

На што се однесуваат овие зборови од Евангелието? Многумина сметаат дека овие зборови се однесуваат токму на отсуството на знаење, или поточно на отуството на некое више знаење во било кој облик.

Познати ми се неколку случаи каде поединци од Јеховините сведоци се гордееја со своето незнаење, како доказ за исполнување на наведените зборови од Евангелието. Секое знаење, кое во себе содржи призвук на философско мислење, тие го карактеризираат како „филозофирање“ или „овоземно мудрување“.

Најголем сојузник на централата од Бруклин е незнаењето и непознавањето од страна на нивните следбеници, не само на подлабоките богословски теми, туку и на најбаналните научни факти. (Имав прилика лично да се уверам во тоа дека Јеховините сведоци не знаат дека Евреите не го признаваат Новиот Завет. Тоа потекнува од нивното апсолутно погрешно сфаќање на Светото Писмо и неговиот настанок).

Непознавањето на историските факти вешто е користено во формирањето на нивното учење за 1914 год. како посебна, кое го извлекуваат толкувајќи го (на свој начин) Стариот Завет. Она што е битно кај тоа учење е годината на падот на Ерусалим под власта на Вавилон. Во нивната литература наоѓаме дека се работи за 607 год. пред Христа. Официјалната наука вели дека падот на Ерусалим датира во 586 или 587 год. пред Христа. Кога ќе му укажете на Јеховиниот сведок на тоа, тој вас ве смета за сатански агент, кој е задолжен да збунува и внесува погрешни податоци меѓу нив.

За годината на излегувањето на Евреите од Вавилонското ропство, Јеховините сведоци и официјалната наука се сложуваат дека се работи за 537 год. пред Христа. Но, на Јеховините сведоци им е потребна 607-та год. заради толкување на седумте времиња од книгата на пророк Даниил. Но, таа година не паднал Ерусалим, тогаш и нивните пресметки за 1914 год. паѓаат во вода. Меѓутоа, ако сметате на незнаењето на вашите следбеници, тогаш ќе бидете сигурни дека измамата нема да биде откриена. Во литературата на Јеховините сведоци често се наведуваат мислења на разни научници и, воопшто, она што официјалната наука го потврдила. Меѓутоа, во овој случај никаде не наведуваат кој историчар, историограф или археолог тврди дека Ерусалим паднал во 607 год. пред Христа, додека за годината на излегувањето од ропство велат дека научниците потврдиле дека тоа се случило во 537 год. пред Христа, што и навистина е така. Да погледнеме на што сé се потпира централата само во овој случај.

Прво, во текст кој е интересен, ретко кој памети или обрнува внимание на годините. Човекот е склон годината да ја гледа како низа сувопарни цифри, кои не се битни колку самиот настан.

Второ, колкаво е познавањето на историјата на една средновечна домаќинка од Масачусетс? Дали еден просечен Јеховин сведок навистина знае кога паднал Ерусалим според официјалната историја и дали ги разгледал аргументите кои се понудени? Мислам дека во најмала рака би било чесно тоа да го направите, бидејќи таа година е многу битна за вас. Дали некој од Јеховините седоци ја проверува точноста на тие податоци? Се сомневам, бидејќи сите луѓе таквите податоци ги прифаќаат како научни факти, не размислувајќи многу за нивното потекло.

Трето, дали на Јеховините сведоци им е познато дека постојат извесни толеранции во датирањето? Така, на периодот од цар Давид до излегувањето од Вавилонското ропство може да постои отстапување во датирањето од 12 години. Значи ниту официјалната наука не е сигурна во врска со прашањето на датирањето на датите и годините (обично во литературата постојат две години – 586. или 587. год. пред Христа). Би било многу интересно за науката Јеховините сведоци да кажат кој е тој научник кој така прецизно ја одредил годината на падот на Ерусалим и кој метод го користел, бидејќи прецизноста на датирањето е од животно значење за учењето за 1914 год. (особено што Јеховините го наведуваат и месец октомври). Ако дозволиме било какво отстапување, тогаш дозволуваме тоа учење да биде несигурно, а со самото тоа го губи своето значење.

Четврто, сето она што не излегува од нивната кујна Јеховините сведоци го сметаат за сатанско, а со самото тоа се создава фобија и параноја. Така што доколку во „Стражарска кула“ пишува некој податок, како на пример 607 год. пред Христа, цела армија на научници може да го негира тоа тврдење со куп, не само докази, туку и очигледни факти, а Јеховините сведоци остануваат на своето, не заради невалидноста на тие докази, туку заради стравот дека било каков сомнеж за неисправноста на „Стражарска кула“ ќе доведе до придружување кон сатаната и „неговата агенција“. Овде станува збор за условен рефлекс конструиран на најмонструозен начин.

Очигледно е дека незнаењето во овој случај не е позитивно и дека нанесува огромна штета на самите Јеховини сведоци.

Меѓутоа, трагично е што тие кои се гордеат со незнаењето како со доблест, па и незнаењето на најобичните историографски факти, ги прогласуваат како големи познавачи и толкувачи на Светото Писмо. Обилните податоци (цитати) со кои ќе бидете бомбардирани, не служат за ништо, освен да ве восхитат, да се воодушевите пред таквото „знаење“. Зарем не би било многу почесно кога Јеховините сведоци би се прогласиле како непознавачи на Светото Писмо? Ако незнаењето е доблест, тогаш незнаењето на Светото Писмо е нормално, бидејќи тоа е многу подлабоко и неодгатливо од обичното фактографско знаење. Меѓутоа, такво признание тешко дека ќе чуете од устата на Јеховините сведоци, затоа што за такво нешто потребна е добродетелта на смирението (православното сфаќање на смирението е од духовен карактер, за разлика од надворешната смиреност), потполно обратно на гордоста, која избива од демонстрирањето на познавањето на стиховите од Светото Писмо. Таква дисхармонија меѓу зборовите и делата одамна е наречена лицемерие.

Најтрагичниот облик на незнаење е најмногу искористен кај нас, а тоа е непознавањето, но она коренито непознавање на Православието и Црквата. Не станува збор за незнаење како за непознавање на факти, туку потполно отсуство на било каква, далеку од релана слика за Православието и Црквата. Во тоа е и трагедијата на сите членови и од останатите секти, а не само на Јеховините сведоци. Кога ќе ги чуете од нив зборовите „и јас некогаш бев православен“, не можете да не почувствувате длабока тага и потресеност на таквата промашеност. Нивното непознавање на Црквата и Православието е до таа мера искористено, што во нивната литература отворено се изнесуваат најгнасни лаги против Црквата, а овие тоа и не го забележуваат.

Во разговор со Јеховините сведоци, воопшто не треба да се служите со било какви махинации, бидејќи вистината е најсилното оружје. Ерусалим паднал во 586 или 587 год. пред Христа, а не во 607. Тоа е научен факт! Кому му е потребно преправање на историјата, најдобро самите запрашајте се.

Што всушност значи „блажени се бедните по дух…“? Не значи „блажени се неуките“ или „блажени се глупавите“ ниту „блажени се оние кои не сакаат ништо да знаат“. Може ли бедниот по дух да биде школски високообразован човек? Може. Како што богатиот човек може да биде милостив и може со радост да дава, така и високообразованиот може да биде беден по дух. Беден по дух не значи да не се поседува никакво знаење, туку да не се злоупотребува знаењето. Секое знаење, свртено против Бога и човекот, е злоупотребено знаење. Бедноста по дух е добродетел која доаѓа од нелицемерно, длабоко и непристрасно испитување на самиот себе. Оној кој сфати и увиди дека ниту поседува особено знање, ниту добродетелите што ги поседува се особени, и на крајот, дека и самиот е во потполност немоќно битие, без обзир на сите свои сили и сето свое знаење, таквиот станува беден по дух, т.е. не се превознесува себеси и своите духовни квалитети. Од бедноста по дух се раѓаат многу добродетели. Значи, бедноста по дух не значи да се биде неук, туку напротив, бедноста по дух доаѓа од едно големо сознание, сознание за својата немоќ и сознание дека единствено со Божја помош таа немоќ може да се надмине. Да се биде неук и глупав е фалење со своето знаење и сметање на себеси и своето знаење за нешто големо. Сократ, кој е сметан за најмудар човек во своето време, рекол: „Знам дека ништо не знам“. Значи, човек без обзир на знаењето, може да биде беден по дух. Ако вие, без проверка и без разгледување на аргументите, изнесувате суд и став, тогаш тоа не е бедност по дух, туку просто незнаење и затворање на очите, а тоа му е потребно на оној кој не сака да гледа, додека бедноста по дух е, напротив, карактеристика на оној кој извонредно добро и јасно гледа.

Извор: Светосавље

Преведе: A.A.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Историја, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Пророштва, Протестантизам. Bookmark the permalink.