Јеховините сведоци и Светото Писмо – ПИСМО БР. 17 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Драг мој,

Јеховините сведоци во својата литература говорат за бројот на книгите во Новиот Завет, за боговдахновеноста, а поголем дел се однесува на докажувањето дека Библијата е вистинко слово Божјо. Меѓутоа, нема ни збор за настанокот на Светото Писмо како збирка од вдахновени книги, ни збор за историјата на канонот, за првите христијани и ранохристијански дела.

Можеби ќе ви се чини претерано, но, држејќи се до вашите сопствени доктрини, вие , не само што не би требало да го користите Новиот Завет, туку би требало да бидете негови најголеми противници. Ево и зошто. Кога зборуваат за вселенските собори, Јеховините сведоци тоа го прават со крајно омаловажување (Човештвото во потрага за Бога, стр. 276), користејќи цел арсенал на лаги и полувистини со кои сакаат на секој можен начин да го дискредитираа “таканареченото христијанство”.

Во 692 год. Пето-шестиот Вселенски собор го потврдува канонот од 27 книги. Според Јеховините сведоци, Вселенските собори се собири на поглавари на веќе одмана паднатата Црква[1], која ја искривила христијанската наука во средината на III век. Зошто Јеховините сведоци користат книга која е канонизира од едeн таков собир? Уште поинтересно е да се наведе во кој контекст го спомнуваат Св. Атанасиј: “Речиси сите протестантски цркви ги признаваат истите верувања – никејско, атанасијско и апстолско – а тие верувања исповедаат некоја доктрина, која и самиот католицизам низ столетијата поучувал, како на пример: тројството, бесмртната душа и пеколот. Таквите небиблиски учења на луѓето им пружиле искривена слика за Бога и неговиот план”[2].  Значи , Свети Атанасиј подучувал небиблиска наука. Истиот оној свети Атанасиј, кој е татко на канонот на Новиот Завет. Како некој кој, според Јеховите сведоци, исповеда и брани лажни учења (никејско-цариградскиот Символ на верата, божественоста на Господа, догмата за Света Троица) можел да го одреди канонот на Новиот завет? Како што самите тврдат, писателите и препишувачите на Светото Писмо биле боговдахновени, а дали оној кој ја препознал таа боговдахновеност и го составил канонот бил небоговдахновен? Ако свети Атнасиј бил небоговдахновен – како можел да го состави канонот? Како сме ние сигурни дека избрал боговдахновени книги? Ако, пак, бил боговдахновен, зошто Јеховините сведоци ништо не говорат за тоа, туку за него пишуваат како за еретик?  Ако им е позната историјата на канонот, тогаш тие во своите книги и публикации го кријат тоа од своите следбеници. А во тој случај се работи за најгруба форма на манипулација. Ако пак не се запознаени со историјата на канонот, зошто воопшто се обидуваат да говорат за тоа на начинот на кој говорат?

Бидејќи канонот на Светото Писмо на Новиот Завет го составил свети Атанасиј, кој според Јеховините сведоци е виновен за мноштво лажни учења, а Вселенскиот собор, кој за Јеховините сведоци е собор на стaрешини на “таканареченото христијанство”, го потврдил тој канон, тогаш  Јеховините сведоци би било најприродно да бидат против Новиот Завет. Но, напротив, Јеховините сведоци тврдат дека само тие го разбираат Новиот Завет на вистински начин. Бидејќи во нивната литература ништо не најдов за историјата на канонот, би било интерсно да се чуе како, според нив, настанал канонот и од каде ги зеле тие податоци.

Црквата го оформила канонот на Новиот завет, така што тој има корен во Црквата, а не обратно, додека учењето на Јеховините сведоци се заснова на Светото Писмо, или поточно, на верувањето на еден човек, Чарлс Тејз Расел, дека единствено само тој можел правилно да го протолкува Светото Писмо. Меѓутоа, такви кои мислат како Расел, низ историјат ги имало многу, а денес ги има илјадници.

Ќе завршам токму со зборовите на свети Атанасиј. Кога го запрашале зошто Господ дошол во светот како човек, а не во вид на некое друго создание, свети Атанасиј одговорил: „ниту  едно друго создание не било во заблуда во однос на Бога, освен единствено човекот…”

Останете со здравје.


ЗАБЕЛЕШКИ:

  1. Човештвото во потрага на Бога, стр. 276; NW издание на српски стр. 1436.
  2. Исто стр. 328.

Извор: Светосавље

Преведе: Ж.С.

Поврзани:

Писмо бр. 1

Писмо бр. 2

Писмо бр. 3

Писмо бр. 4

Писмо бр. 5

Писмо бр. 6

Писмо бр. 7

Писмо бр. 8

Писмо бр. 9

Писмо бр. 10

Писмо бр. 11

Писмо бр. 12

Писмо бр. 13

Писмо бр. 14

Писмо бр. 15

Писмо бр. 16

Писмо бр. 17

Писмо бр. 18

Писмо бр. 19

Писмо бр. 20

This entry was posted in 20 писма до Јеховин Сведок, Јеховини Сведоци, Авторитет, КНИГИ (преводи на македонски), ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Светии, Свето Писмо, Свето Писмо. Bookmark the permalink.