Сокушинбуцу – саможртвувачко монаштво

Постојат луѓе што се решени да извршат бавно самоубиство со единствена цел – религиозно да се просветлат. Околу 24 будистички монаси го сториле тоа во јапонската префектура Јамагата на почетокот на 19 век. Оваа практика, позната како „сокушинбуцу“, била дел од фолклорот и преданијата се’ додека во јули годинава не биле откриени будистичките монаси-мумии. Стотици монаси се обиделе да го изведат сокушинбуцу, ритуал што се сметал за божествена кулминација на религиозното искуство во Јапонија, но само 24 од нив биле успешни, се вели во написот на Ројтерс. 

Пеколно мумифицирање

Самоубиството на монасите почнувало со детален процес од 1.000 дена во текот на кои јаделе само јаткасто овошје и семки за да се ослободат целосно од телесните масти. Притоа биле применувани екстремно напорни физички вежби. По овој процес следел втор, кој траел 1.000 дена. Тогаш монасите јаделе само кора и корења од дрвја, пиеле сок од дрвото уруши, кој обично го користеле за лакирање на своите садови за јадење што кај монасите предизвикувало повраќање и дијареја, кои се мошне важни за процесот на мумификација зашто нивна главна цел била сокот од уруши да ги направи нивните тела отровни и нејадливи за црвите. На тој начин го спречувале природното распаѓање на телото по смртта.

Конечно, во последната фаза од ритуалот, монахот се затворал во камена гробница едвај поголема од неговото тело, во која постојано седел во позицијата лотос. Неговата единствена врска со надворешниот свет биле цевката за воздух и ѕвоното. Секој ден монахот ѕвонел на ѕвоното за да ги извести луѓето надвор дека се’ уште е жив. Кога ѕвоното ќе престанело да ѕвони, цевката за воздух била отстранувана. Потоа требало да поминат уште 1.000 дена пред гробницата да биде отворена и некој од монасите да провери дали е телото мумифицирано.

Ако се’ било како што треба и мумификацијата била постигната, монахот бил прогласуван за Буда, а неговото мумифицирано тело било ставано во храмот пред очите на верниците.

Божественост

Посветеноста и духот на минувањето низ толку грозоморен процес на монасите се’ уште им се чинат величествени на Јапонците, па иако станува збор за распаднати тела, тие ги сметаат мумиите за божествени. Сепак, не сите Јапонците веруваат во таа божественост.

Јасно е дека монасите минувале низ пекол во текот на ритуалното мумифицирање. Во нивниот крвоток имало високо ниво на арсен предизвикано од варењето парчиња од дрвото уруши во дигестивниот систем. Иако бубачките и црвите не му се доближувале на телото токму поради арсенот, мумијата била посипувана со зачини и други мириси за да се прикрие смрдеата од телото во распаѓање. Тригодишниот процес низ кој монахот минувал пред конечното затворање во камената гробница во која се изгладнувал до смрт бил силен ментален предизвик. Затоа другите браќа од манастирот го набљудувале и се грижеле за монахот кој минувал низ процесот на мумификација. Менталните болести, илузиите, халуцинациите и агресивното однесување го совладувале монахот кој со години се изгладнувал. Затоа некои Јапонци се плашат дека душата на тој монах била преобратена и злонамерна, со чувство на омраза кон сите живи суштества. Овие разорени души често го носеле со себе мрачното знаење од задгробниот свет и го користеле за да предизвикаат болка, тага и несреќи. Иако мумиите ги задржувале предметите што им припаѓале пред смртта, нивните очи биле вадени. Сепак, Јапонците сметаат дека тие можат да погледнат во душите на живите и дека се совршено способни да ја перцепираат реалноста.

Три вида монаси-мумии

Се верува дека постојат три вида монаси-мумии. Највообичаениот вид, сокушинбуцу-монасите се медитативни и спокојни, или барем така вели законот во Јапонија. Мумиите на овие монаси можат да фрлаат клетви и магии и да исцелуваат, а можат и да поништуваат клетви. Овие мумии се наоѓаат само во манастирите во кои монасите починале. Мумиите од вториот вид, кои се сметаат за неутрални, се безумни и тие се или кататонични или имбецилни, иако од нивните мрморења повремено може да се слушнат мисли за нивниот бог или за задгробниот живот. Јапонците сметаат дека овие мумии ни оддалеку не се идеални и дека не треба да им се верува.

Помалку вообичаени како појава се хаотичните мумуфицирани души на монасите, кои според верувањата на Јапонците се злобни и сурови, обично ги убиваат другите членови на својот монашки ред или го избегнуваат нивното присуство, а најчесто може да се најдат како демнат од рушевините, пештерите и гробиштата. Тие се понекогаш придружувани од гоули, зли демони, на кои им даваат чудна сила или, поретко, од лоши луѓе со слаба волја кои ги обожаваат.

Езотеричниот будизам, односно тајно учење, е максимално фокусиран на себежртвувањето. Монасите се самоубиваат за да се стекнат со божественост, со која подоцна можат да ги благословуваат другите. И иако христијанската осуда на самоубиството го прави овој ритуал незамислив, сепак восхитува убавината и величествената физичка и ментална грандиозност што го опфаќа овој процес и религијата зад него.

Преземено:

This entry was posted in Будизам, ЗАНИМЛИВОСТИ, ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Ритуали and tagged . Bookmark the permalink.