Чудо ги спаси трите христијанки во Дамаск: „Возевме, надевајќи се на Христа“

28 март 2014

166320_p.jpgТри православни Сиријки, ангажирани во хуманитарни и милосрдни активности, во тоа време брзале кон болницата. Само по чудо избегнале смрт во масовната престрелка во еден од реоните на Дамаск – пренесува информативниот портал „Линк“.

Нивното возило беше подложено на жестока стрелба. Притоа куршумите кои беа упатени во правец на патниците на необјаснив начин се одбиваа од слабата метална каросерија на возилото. Подоцнежниот преглед исто така го покажа и тоа дека некој заталкан куршум кој што завршил во моторот, по некоја необјаснива случајност, воопшто не му нанел штета на моторот.

Постарата во хуманитарната група, Сабина, коментирајќи ја случката, изјави: „Ние се упативме кон болницата којашто се наоѓаше на територијата на една особено опасна населба, којашто уште од одамна беше на лош глас помеѓу граѓаните. Нé убедуваа да не одиме таму – но не можевме да не ги посетиме нашите браќа што беа донесени во болницата, а освен тоа решивме попатно да провериме да не има нови жртви на улиците во тој реон… Ја положивме сета надеж на Христа, тргнавме – и ви велам, верата наша нé спаси. Сам Бог го менуваше правецот на куршумите“.

Православните Сириски христијани, координирани од Сабина, заедно со целата Антиохиска православна црква веќе неколку години помагаат во лекувањето и рехабилитацијата на жртвите во Сирискиот конфликт.

Преземено: Бигорски Манастир

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.