За суеверието, гатањето и баењето

FORTUNE TELLERСветата Црква строго го осудува празноверието, односно суеверието, и за тоа во црковиот законик, печатен како дополнителен свештенички Требник, се вели:

„Гледач или бајач кој се занимава со претскажување или баење и кој повикува зли духови за со нивна помош да им наштети на другите, се изедначува со убиец – 20 години да не се причести“. (65 и 72 правило на Св. Василиј Велики)

„За оние што одат кај гатачи и гатаат за било што – 6 години да не се причестат“. (61 правило на Трулскиот (6 Вселенски собор) и 80 правило од Св. Василиј Велики)

„Под истата казна подлежат и оние кои носат разни амајлии, против отрови или
уроци, или овие амајлии ги ставаат на своите деца или стоката.“

„А кој повикува гатачи за со помош на нивните гатања да им нанесе штета на
други луѓе се одалечува заедно со гатачот, 20 години од Светата Причест,
како убиец со умисла.“ (65 правило на Св. Василиј Велики)

„Кој води мечки или други ѕверови заради смеа или забава, на штета на простите
луѓе, или верува во среќни или баксузни денови или бројки, и верува во
хороскоп и оние кои веруваат во гатање со зрна (грав или кафе и сл.) се
казнува со 6 години одалечување од Светата Причест.“

„Оние кои свесно практикуваат незнабожечки обичаи играат на раскрсници, веруваат во птичји гласови, или во нова месечина, или обрнуваат внимание со кого ќе се
сретнат, или облекуваат облека со друг пол (машките во женска и обратно), или ставаат на себе разни маски, се маскираат за учество во разни маскембали или карневали – да се одалечат од Светата Причест. Исто така се одалечуваат и оние на кои им гатаат цигани или циганки.“

Затоа православниот христијанин треба да се чува од сите наведени облици
на празноверие: вражање, баење, гатање итн, затоа што сето тоа е дело
на ѓаволот, непријателот на нашето спасение, за вечна погибел на оние кои
го прават тоа.

Кој сака да се спаси, треба без сомневање да верува во Божјата Промисла, и за сите свои потреби да му се обраќа на милосрдниот Творец и наш Спасител, да Го сака со сето свое срце, со сета своја душа, со цела сила на своите мисли,и од него Едниот да бара помош и милост. Тоа го прави вистинската вера во Бога, зашто без вера – не може да му се угоди на Бога (Евр.11,6). Треба цврсто и без сомневање да верува во Пресвета
Троица, во Чистата и Непорочна Мајка Божја – Богородица и Светите Божји угодници и наши молитвеници. Верата треба да биде чисто православна и во неа не смее да се има никакви еретички мисли, т.е. онаква каква што е изложена во Символот на верата.Со ништо не треба да се оддалечува од Православната Црква, треба да се признаваат сите Свети Тајни кои се извршуваат во неа .Да се почитуваат сите нејзини правила и да не судиме за нив според својот разум за да не паднеме во душепогубен раскол. Со најголемо внимание треба да се чуваме од празноверие, кое го отргнува
човекот од вистинската вера во Бога и го остава да скита во гевовна темнина.

Преземено: Св. Никола / Коментар од asd на Мотика

This entry was posted in Баење / Гатање / Амајлии, Вештерство / Магија, ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Окултизам, Суеверие. Bookmark the permalink.