Шокантно: На секои пет минути се убива по еден христијанин

Убиства, притисоци, сквернавења. Статистиката е единствениот сведок кој со години само ги бележи случаите во муслиманските држави полека, кои сосема јасно отсликуваат верски геноцид врз христијаните и тоа денес во 21 век.

tema-denesen.jpg-500

Шокантни податоци изнесе анализата објавена од Денешен весник.

Кога станува збор за човековите права, во светот најмалку се зборува за оние што најмногу страдаат. Западот најмалку зборува за христијанското малцинство во муслиманските земји. Речиси да не постои муслиманска земја, почнувајќи од најдемократската Турција, па се до најнедемократските во кои христијаните се предмет на дискриминација и угнетување. Но за тоа потајно се молчи, или само медиумски се зборува. Верските аналитичари, проценуваат дека дијаметрално спротивставените погледи за религијата на западот и истокот, се главната причина за потиснувањето на Христијанството десно од Босфор, објави Денешен весник.

-Дистинкцијата на верата од државата, или популарниот европски термин “Секу-ла-ризам”, ја заслепува Европа пред геноцидот, кој се случува во државите, во кои Исламот и политиката се во иста линија, велат верските аналитичари.

Тие во изјава за весникот потенцираат дека западните политичари мора што поскоро да ја разберат неопходноста од реакција, бидејќи молкот, само ги охрабрува ултрафанатиците, во светот да создадат едно движење, кое во основата на своето учење ќе ја има “христијанофобијата”.

-Тоа е опасно за иднината на светот, велат верските аналитичари од западот.

hristijani.jpg-500

Покрај некои ветувања за подобрување на нивната положба, христијаните во Турција и понатаму се подложени на физички напади и дискриминација од власта, како и клевети во медиумите и учебниците, покажало едно истражување спроведено од страна на една протестанска организација.

Во Извештајот за човекови права објавен во јануари оваа година од здружението на протестански цркви, се наведува  дека постојат некои индикатори за подобрување на состојбата но сеуште  не е отстранет „коренот на нетолеранцијата“ во турското општество кон припадниците на неисламските вери. Отстранувањето на овој корен на нетолеранција е итен и се чека на негово решавање“, стои во извештајот.

– Има уште многу проблеми кои што треба да се решат, вели Мине Јилдрин, член на правниот комитет на Здружението на протестански цркви.

Во некои региони од Турција некои црковни лидери живеат под некој вид на полициска заштита . Има најмалку пет лидери на цркви, кои поради личната безбедност мора да имаат сопствен телохранител. Неколку цркви имаат полициска заштита за време на богослужбите, пишува во извештајот. Јилдрим посочува дека нападите се зголемиле и дека голем дел од проблемот лежи во фактот што турската влада не сака да признае дека постои проблем.

Да се биде христијанин, во медиумите често се карактеризира во негативна конотација. Многу законски црковни организации се претставени како да се нелегални, а некои црковни групи беа лажно поврзувани со терористите, покажала анализата на извештајот.

Вo Турција која има околу 75 милиони жители 99 проценти се сунитски муслимани, додека во земјата живеаат околу 120 илјади христијани.

Сепак животот на припадниците на христијанското малцинство во Турција е неспоредливо подобар во однос на некои други муслимански земји.

hristijani2.jpg-500

Христијаните ги убиваат поради нивната вера

Христијаните ги убиваат а светот молчи, тие се жртви на нивната вера. Угледниот „Њузвик“, под наслов „Глобална војна против христијаните во муслиманскиот свет“, неодамна се обиде да го сврти вниманието на светот за еден геноцид во раст. Во последните неколку години насилното угнетувањето на христијанското малцинство стана вообичаено во муслиманските земји низ Западна Африка, Блискиот Исток,  Јужна Азија и Океанија. Аналзата на Њузвик, потенцира дека угнетувањето е премолчено од страна на светските медиуми, благодарение на муслиманските лоби групи како Организацијата на Исламската соработка, која е еден вид на Обединети нации на исламот со центар во Саудиска Арабија и Советот на американско-исламски односи, анализира Денешен весник.

Последните случувања со христијаните во муслиманските земји укажуваат дека во светот всушност не постои исламофобија, како што сакаат да прикажат голем број на влијателни светски организации туку постои христијанофобија.

Во Египет и покрај тоа што поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак на Христијаните Копти  формално им даде еднакви права, какви што има и мнозинското муслиманско население, тие во ниту еден период не беа рамноправни со остатокот египетско население. Тие не само што не беа рамноправни туку често пати бил загрозен и нивниот живот.

Исламистичките радикалисти предизвикуваа многу ако не и повеќето од тензијата во Нигерија.

Најновиот вид на ваква организација е групата која се нарекува Боко Харам, што значи “западното образование е сквернавење”, чија цел е да воспостави шеријатски закон во земјата. Боко Харам за тоа да го постигне најави дека ќе ги убие сите христијани во земјата.

Само во јануари годинава, Боко Харам е одговорна за 54 жртви. Во 2011 нејзините членови убија најмалку 510 лица и запалија или уништија повеќе од 350 цркви во 10 северни држави.

Тие употребуваат пиштоли и бомби, а при самото злодело извикуваат „Алах акбар“ што значи „Господ е голем“. Најчесто напаѓаат цркви, а за време на божиќниот собир минатава година убија 42 католици.

Во Судан веќе неколку години христијанофобијата завзема многу поинаква форма од што може да се заклучи дека се повеќе и повеќе добива на јачина.

Авторитарната власт на сунитските муслимани во северниот дел на земјата со децении ги измачува христијанските малцинства на југ.

Тоа што е често опишувано како граѓанска војна е во пракса одржлив прогон од суданската влада на религиозните малцинства. Овој прогон кулминираше во злогласниот геноцидот во Дарфур што започна во 2003 година, кога од своите домови беа протерани околу два милиони жители.

Муслиманскиот претседател на Судан, Омар Ал-Башир кој беше обвинет од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за геноцид, сеуште се нема појавено пред лицето на правдата.

Анализирајќи ја состојбата во неколку земји поединечно, Денешен весник објавува- На секои пет минути се убива по еден христијанин.

Каква е состојбата со христијанското малцинство најдобро говори податокот кој беше изнесен на неодамна организираната конференција од страна на владата на Унгарија на тема „Меѓународна конференција за дијалог меѓу христијаните, евреите и муслиманите“.

Шокантните податоци покажуваат дека само поради своето верско убедување, на секои 5 минути во светот се убива по еден христијанин. Поради верската нетолеранција кон христијаните годишно во светот се убиваат околу 105.000 христијани. Но, шокантните бројки не запираат тука. Во светот од околу 2 милијарди христијани, дури 100 милиони христијани се жртви на секојдневна дискриминација и насилство. Статистички дури 75 проценти од сите случаи на верска нетолеранција во светот се насочени против христијаните, со што јасно се гледа дека тие се најподложени на угнетување, објавува Денешен.

Во јануари, оваа година и Европскиот парламент донесе резолуција за осуда на прогонувањето на христијаните, а минатата недела резолуција со која се осудува дикриминацијата врз христијаните беше донесена и до страна на ОБСЕ. Но по се изгледа дека ова ни најмалку не е доволно за подобрување на положбата на христијанското малцинство во светот, особено во муслиманските земји.

Преземено: Курир

This entry was posted in ВЕСТИ, Ислам. Bookmark the permalink.