Аја Софија – споменикот на двете најголеми религии

aja-sofija_2

Аја Софија е дело на византиската уметност. Најпрво, ова место е користено како црква и тоа од денот кога е изградена, до денот кога Цариград бил освоен. Од тогаш, до денес Муслиманите ја користат како џамија. После големата реставрација по наредба на Кемал Ататурк, од 1935 година, објектот е отворен и за туристички посети. Името на овој денешен музеј во превод значи „Света мудрост“.

Првата дрвена црква која се наоѓала на ова место била подигната  од Константин ll, а истата била оштетена при пожар. Базиликата била обновена, а карактеристично за неа е тоа што секој детаљ е врзан за математичка пресметка, која по некоја случајност или не, се поклопува со многу Христијански митови и симболи. Не случајно се кажува дека ова е едно од местата заслужно за ширење на Христијанството. Во внатрешноста, мермерот користен за декорација бил донесен од повеќе медитерански земји, а важно е да се истакне дека столбовите се донесени од Ефес.

Под покровителство на Јустинијан l, по прв пат во Аја Софија ќе се организира Вселенски собир,на кој ќе се крунисаат сите византиски цареви. Во 1453 година султанот Мехмед Освојувач наредил црквата да се претвори во џамија. Изземени се камбаните, големиот сребрен иконостас висок 15 метри, а иконите се покриени со малтер на кои се исцртани мурали во духот на Исламот, а додадени се и четири минариња.

Во внатрешноста Аја Софија ќе наидете на повеќе мистерии, кои верувајте дека ќе Ве убедат дека Божја сила постои. При посета на Истанбул, задолжително влезете во Аја Софија.

Преземено: Попара

This entry was posted in ЗАНИМЛИВОСТИ. Bookmark the permalink.