ВИДЕО: Тој тврди дека е Исус, а таа Марија Магдалена

Тој е харизматичен проповедник кој тврди дека е Исус кој се вратил на Земјата, а таа е Марија Магдалена, проститутка која се покајала за своите дела и жената која прв го видела Месијата по воскренсувањето. Но, тврдењата на 47 годишниот Ален Џон Милер и 32 годишната Мери Сузан Лук не ги импресионирале австралиските власти. Напротив, тие ги предпредиле граѓаните за парот кој секој нареден ден има се поголем број следбеници.

Ален и Мери имаат своја Црква во селото Вилкејдејл, а со нив моментално живејат 40 следбеници кои ги откупувале имотите во околината. Гледано од небо имотот изгледал како голем крст, а тие собрале околу 400.000 долари за да го откупат имотот на кој одржуваат состаноци и планираат градење на центар.

Популарноста на култот “Божјата вистина” стекнува се поголема популарност. Бизарно, но нивната присустност за кратко време предизвика “бум” на пазарот на недвижности во Квинсленд.

“Моето име е Исус и јас сум сериозен. Пред околу 2.000 години дојдов прв пат на Земјата. Поради мојата преданост и љубов кон Бога, уште како мал сфатив дека сум Месијата и дека Бог ме испрати повторно за да ме следат луѓето, оние кои сакаат” – кажал Милер кој се потрудил физички повеќе да личи на Исус.

Тој е татко на две деца и е разведен, а бракот му се распаднал кога почнал да се потсетува на детали од неговиот поранешен живот. “Веројанто во светот има милиони луѓе кои твдат дека се Исус, па веројатно се затворени во установи за лечење. Но, некој од нас мора да биде. А од каде знам дека сум јас? Затоа што се сеќавам на се од поранешниот живот”.

Католичката Црква од Австралија била загрижена бидејќи тие привлекувале наивни луѓе кои ја бараат смислата за живот. Ни Милер ни Мери немаат работа, па на овој начин уживаат во финансиските сретства од спонзорите.

Преземено:

This entry was posted in ВЕСТИ, Протестантизам, Секти / Култови. Bookmark the permalink.