Прошетка на протестант низ православен храм

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Свештеномаченик Даниил Сисоев

Денот, заситен од пролетното сонце, се ближеше кон крајот. Беше една од неделите на Великиот Пост. Московските улици и сокаци, кои што се одмараа од бесконечната врева на автомобилите, си играа со кристалните поточиња на истопениот снег. Од зградите и од сеуште голите стебла паѓаа капки во бои на виножитото, ѕвонејќи како милиони стаклени ѕвончиња на сакосот на вечниот Првосвештеник.

Шетав по пријатните сокаци на Москва, восхитувајќи му се на заслепувачкото небесно синило. Во душата владееше ѕвонлива тишина, којашто настанува кон крајот на Четириесетницата. Недалеку од театарот на  Таганки, одеднаш ми се обрати еден младич со прашањето:

- Дали сте ја читале библијата?

Без оглед на тоа што ми е заповедано секаде да одам во свештена одежда, ваквите прашања не успеав да ги одбегнам. Му одговорив:

- Имав прилики. А бидејќи и Вие, очигледно, сте запознат со оваа значајна православна Книга, дозволете ми да Ве запрашам, што е тоа толку посебно во Неа, што толку Ви има легнато на душа, за истиот миг да се фрлите на улиците на нашиот град за да проповедате ново учење?

Момчето малку се збуни заради ненадејното прашање, но миг подоцна, отворајќи ја својата Библија, одговори со стереотипната фраза:

- Порано бев лош човек, но совеста ме мачеше и се плашев дека ќе пропаднам . Но, стекнав извонредни другари кои ми објаснија дека нема од што да се плашам. Прими Го Исуса како личен Спасител и ти си оправдан. Continue reading

Posted in ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Протестантизам, СВЕТИ ОТЦИ, Толкување на Светото Писмо

За „Вистината ќе ве ослободи“

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Во време на нихилистичка опијанетост, на човекот, кој наоѓајќи се во пустина, копнее за капка вода која ќе го врати во живот, може да му се подметне секаква полна чаша со погубен отров, халуциогено претставувајќи му ја како оаза на рајот. А бидејќи неговата душа е створена да Го бара нејзиниот Творец, свесно или несвесно, се прилепува до сето она што верува дека ќе ја исполни со спасение. Честопати, очите замаглени од песокот развеан од ветрот, не гледаат право пред себе и својот поглед го насочуваат кон извор, кој привидно изгледа чист и бистар, сè до оној момент кога ќе се допре раката до водата и таа ќе се замати. Тогаш може да се види сиот темен и маглив отсјај на душата затруена од лажните учења на суетата на овој свет и осознавајќи го тоа, човекот ги брише повредените очите и гледа дека патот го погрешил, дека го промашил сопственото битисување. Повторно чувствувајќи ја својата жед, овој пат уште посилно, повикува кон оние кои ги прават истите погрешни чекори кон тој лажен извор: Искрено барајте ја Вистината и кога ќе ја најдете, таа ќе ве ослободи. Continue reading

Posted in Uncategorized

Кои сме?


Ако си Лутеранец, основачот ти е Мартин Лутер, бивш римокатолички монах, во 1517 година.

Ако си Англиканец, основачот ти е кралот Хенри VIII, во 1534 година, затоа што римокатоличкиот папа не му дозволил да се разведе и да се жени одново.

Continue reading

Posted in ИСТОРИЈА, Протестантизам, Римокатолицизам

Сола Скриптура низ историска и Православна призма

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Во следниот текст ќе го разгледаме протестанското верување Сола Скриптура кое значи „Само Писмото“. Тоа верување е плод на реформација во 16-ти век и значи дека само Светото Писмо е едиствен и непогрешлив критериум и авторитет за Црквата.

Ќе разледаме неколку основни аргументи кои ги користат протестантите и ќе одговориме на нив од Православна гледна точка. Исто така, ќе изложиме зошто Православните Христијани го отфрлуваат верувањето на Сола Скриптура. Continue reading

Posted in ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, ПРАШАЊА - ОДГОВОРИ, Протестантизам, Протестантизам, Свето Предание

Чудо во црквата Свети Димитрија (ВИДЕО)

Повеќе за ЧУДОТО

Видео: 1, 2, 3

Телевизите Канал 5 и Сител пренесуваат за необичната појава во црквата Свети Димитрија во Скопје која ја забележале верниците, а за да се увери во ова чудо во црквата дошол и поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.

crkva

Имено, како што пренесуваат телевизите, верниците и свештените лица денеска забележале како фреските добиваат црвена боја, го менуваат својот лик и сами се чистат.

Како што пренесува Канал 5, забележано е самочистење на фреските, кои за само неколку минути добивале живи и прозрачни бои, а црвената како мали реки се протегала по крилата и телата на фрескоживописаните ангели. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, ЗАНИМЛИВОСТИ, Чудеса

Фатени извршителите на масакрот кај Смиљковци

Фотографии од осомничените за грозоморното убиство

Хазири: Ги возев, не знаев дека ќе убиваат

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги откри убијците од масакрот кај Смиљковско Езеро. Приведени се 20 лица од Скопје, следбеници на радикалниот ислам, најголем дел од нив се македонски државјани.

- Мотивот е нивната идеја, убедување, верување и следење на радикалниот ислам кој е опасен за верниците од христијанството, муслиманска вероисповед, но и за оние кои не веруваат во ниту еден религија, рече Јанкулоска, додавајќи оти дел од приведените биле и на боиштата во Авганистан и Пакистан и војувале против војската на НАТО.

Спрод првичните информации, за 4 од приведените лица, МВР има основани соменија дека директно учествувале во терористичкиот акт во Смилковци. За останатите во текот на денот, истрагата треба да утврди, дали и на кој начин биле инволвирани во убиството. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Ислам, Македонија

Светото Предание во контекст на Светото Писмо – Маран Ата

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

Posted in ЛАЖНИ УЧЕЊА И ДВИЖЕЊА, Протестантизам, Свето Писмо, Свето Предание

За крвта – ПИСМО БР. 20 до Јеховин сведок

Сите оние кои сакаат да допринесат со свој текст на блогов, да постават некое прашање, да дадат свој коментар или сугестија, можат да пишат на следнава е-маил адреса: vistinatakeveoslobodi@yahoo.com

 

Пишува: Мирослав Радошевиќ

Велиш дека сите оние кои примаат крв по пат на трансфузија, го прекршуваат Божјиот закон и се валкаат себеси исто како кога би блудничиле и би принесувале жртви на идолите. Да, навистина Бог му забранува на човекот да јаде крв. Но, дали трансфузијата е исто што и хранење со крв? Вие сметате дека е[1].

Како споредба наведувате дека оној кој не би смеел да пие алкохол, но би го примил интравенозно, со тоа ништо не би променил, бидејќи сеедно е како алкохолот стигнува во неговиот организам. И го поставувате прашањето дали оној кој никогаш не внесува крв низ уста, а тоа го прави по пат на трансфузија, ја исполнува Божјата заповед? Значи: за да го решиме теолошкиот проблем дали ја исполнуваме Божјата заповед за нејадење на крв ако примаме трансфузија, доволно е да се реши дилемата дали трансфузијата е исто што и јадење крв.

Внесувајќи ја храната интравенозно, таа, по пат на крвта, се дистрибуира во сите делови на организмот, каде што се искористува. Дали истото се случува и со крвта? Не! Од проста причина што крвта, примена по пат на трансфузија, ја превзема и продолжува да ја врши истата онаа функција што ја имала и во организмот на давателот, т.е. функција на единствено течно ткиво во организмот, задолжено за пренос на хранливи материи, кислород и отпадни материи меѓу поединечни органи и ткива. Таа, значи, не се користи како храна, како што вие се обидувате да докажете. Continue reading

Posted in Uncategorized

Исчезната тинејџерка била киднапирана за оргии во Ватикан

Тинејџерката, чие исчезнување во Рим остана мистерија цели 30 години, била киднапирана за секс-забави, на кои присуствувале припадници на ватиканската полиција и странски дипломати, тврди водечкиот егзорцист на Католичката црква.

Свештеникот Габриеле Аморт, кој беше назначен од починатиот папа Јован Павле Втори како главен егзорцист и тврди дека извршил илјадници егзорцизми, кажа дека Емануела Орланди подоцна била убиена и нејзиното тело било скриено.

Тој вели дека 15-годишната ученичка била киднапирана од улиците на централен Рим во летото 1983 година и била принудувана да учествува во секс-забави. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Римокатолицизам

Поголем злосторник е девојчето што абортирало, отколку таткото кој ја забременил

Иако во Бразил абортусот е дозволен исклучиво во случај на силување или кога животот на трудницата е загрозен поради бременоста, локалната Црква одлучила девојчето и мајката кои го извршиле абортусот да бидат истерани од верската заедница.

За поголемо злосторство се смета девојчето што ги абортирало зачнатите близнаци, отколку татко што ја силувал. Ваков е ставот на Кардиналот Џовани Батиста Ре во изјавата за италијанскиот весник Ла Стамп.
- Иако девојчето било сексуално злоупотребено, близнаците кои ги носело имале право да живеат и не смеело да бидат елиминирани. Тоа е тажен случај. Но вистинскиот проблем лежи во фактот што зачнатите близнаци биле невини личности чиј живот треба да биде заштитен, изјавил Батиста.

Малото за својата бременост дознало дури кога било однесено на лекар поради големите болки во стомакот. По предлог на лекарот кој ја советувал мајката дека нејзината бременост е премногу ризична за нејзина возраст, девојчето ги абортирало зачнатите близнаци. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Римокатолицизам

Излижи го Исус

Коментар: Ваквото хулење може да се спореди со губење на разумот, но сепак авто-наштетување на „авторот“. Крајни времиња се… Забележете дека распетието е изобразено во православен стил  – нозете на Господ Исус Христос не се преклопени и Неговото тело не е обесено на крстот, туку стои исправено.

Добро, знаеме дека верниците ќе се навредат од ова, но што да се прави, не можевме да не ја пренесеме оваа американска чудесија. Уметникот Себастијан Еразуриз направил сладолед на стапче, со тоа што стапчето е направено во форма на крст и на него го има нацртано Исус Христос.

hristijanski-sladoled-01

Сладоледот е сосема обичен, овошен, и стои на стапче. Како го лижете сладоледот, така полека доаѓате до стапчето кое има форма на крстот од Голгота на кој беше распнат синот божји – Исус Христос. За да не дојде до недоразбирање и шпекулации, Себастијан дури и го нацртал ликот на Исус, па додека верниците лижат сладолед ќе можат да го ислижат и ликот на Господ.

Сладоледот е направен од свето вино, претворено во крвта господова, смрзнато и ставено на крст. Еразуриз тврди дека секој сладолед е најпрвин однесен кај свештеник кој се погрижил целото вино да биде осветено и потоа претворено во сладолед. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Современ антихристијанзам

Тибетски монах се самозапали во Кина

Дваесетгодишен тибетски монах се самозапали во западниот дел на Кина во знак на протест поради авторитарното управување на Пекинг.

Повеќе од 30 лица се самозапалија или извршија обид да се самозапалат во последнава година во населените кинески реони главно со Тибетќани.
Continue reading

Posted in Будизам, ВЕСТИ

Видео: Свештеник бара смрт за хомосексуалците

Нетипично за свештеник да покажува говор на омраза среде миса, но тоа му се случи на Чарлс Ворли од Северна Каролина кој во своите миси редовно ги напаѓа хомосексуалците и дава морбидни предлози како тие треба да се збришат од земјата. Тој предлага да се врзат во жица, да им се пушти струја и да се остават да се испечат на неколку волти. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Протестантизам

Порталот на општина Ресен хакиран од „муслимански хакери“

Хакирани сајтови  22.05.2012

Официјалниот интернет портал на општина Ресен (www.resen.gov.mk) беше цел на хакерски напади од група која се нарекува „муслимански хакери“.

Хакерската група успеала на порталот да постави слики Куранот. Continue reading

Posted in ВЕСТИ, Ислам, Македонија